Полициски началник истражува случај со мало девојче кое ќе биде пронајдено во мистериозна несреќа
rn[column col=”1/2″]
[/column]rn[column col=”1/2″]rnrnГлавни улоги: Алисон Толман, Алекса Свинтон, Роберт Бејли ЏуниорrnrnЖанр: драма, мистерија, трилерrnrnКреатор: Тара Батерс, Мишел ФазекасrnrnПремиера: 24 септември 2019rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 40 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn[/column]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=aAD2deAqxCErnrnАко сте расположени за добар мистериозен трилер, тогаш се наоѓате на вистинското место. Оваа ТВ серија ќе ве држи на работ од столчето до самиот крај, не откривајќи ви ништо сè додека не дојде вистинскиот момент. И сите теории што ќе ги создадете во меѓувреме, најверојатно нема да бидат вистинити, бидејќи развивањето на приказната е толку добро и детално направено, што едноставно нема да можете ништо да предвидите.rnrn
rnrnПриказната започнува со мистериозно урнување на авион, каде што началникот на полицијата на мало, заспано гратче, Џоу Еванс (Алисон Толман) ќе пронајде мало девојче без ниту една гребнатинка на неа. Таа уште веднаш ќе се посомнева дека нешто не е во ред. Токму затоа и ќе ја однесе во својот дом. Но, нештата нема да се смират тука. Одеднаш цела група негативци ќе почнат да ја ловат малата Пајпер (Алекса Свинтон), а меѓу неа и нив ќе стои само храбрата Џоу!rnrn
rnrnДосега има излезено само 3 епизоди од оваа ТВ серија која покажува голем потенцијал, па не знаеме многу за приказната. Тоа што може да се забележи од нив е дека најверојатно оваа драма ќе има и натприродни елементи, бидејќи Пајпер изгледа дека поседува некаков вид телекинетски моќи. Ве заинтересиравме? Без разлика дали ќе решите да почнете да ја гледате веднаш или ќе почекате прво да излезат сите епизоди, ви гарантираме дека во никој случај нема да бидете разочарани!
