Емпатијата е нешто што денес недостасува кај многу луѓе, но очигледно не и кај Данците. Во Данска, од децата се бара да научат сѐ за емпатијата додека растат и ова би требало да биде правило што ќе се проширува во сѐ повеќе држави.rnrn
rnrnЗа оние што не знаат, емпатијата е способност на човекот да ги разбере чувствата на другиот и да ги сподели сопствените чувства со него.rnrnЗемајќи го предвид извештајот на ООН за среќата во светот, според кој Данска е една од најсреќните држави, би можеле да заклучиме дека веројатно треба да научиме нешто од нивните навики. Од 1993 година во училиштата во Данска е задолжително да се учи за емпатијата, па ова може да биде голем фактор за стапката на среќа кај жителите.rnrnСекоја недела децата во Данска се дел од нешто коешто се вика „социјално учење“. Ваквиот вид настава се одвива еднаш неделно во времетраење од 1 час. Ова го нарекуваат „класен час“ и за тоа време на децата од 6-16 години им се предава за важноста на емпатијата. Според сајтот The Danish Way, ова е задолжителен дел од данската образовна програма.rnrnЗа време на овој час, учениците дискутираат за сопствените проблеми со останатите соученици, вклучувајќи го и наставникот. На овој начин имаат шанса заедно да соработуваат со цел да дојдат до заеднички решенија за проблемите низ кои поминува секој од нив. Децата се слушаат меѓусебно и се трудат подобро да го разберат другиот.rnrnОвој вид училишна активност им дозволува на децата за миг да не се натпреваруваат едни со други туку самите со себе. Мора да се напомене и дека во данските училишта децата не добиваат трофеи или пак пофалници за успесите. Се верува дека кога некој е добар во некој спорт или во друга област, тој го прави тоа бидејќи навистина го сака, а не за да добие нешто од натпреварувањето.rnrnСпоред сајтот Good Start, денес повеќе од кога било е важно децата да учат за емпатијата. Таа на децата им дава чувство на сигурност, учи на толеранција и прифаќање и ја намалува бројката на училишни малтретирања меѓу соучениците. Со помош на емпатијата и нејзиното правилно развивање кај децата, тие ќе почувствуваат многу придобивки што ќе им користат во релацијата со самите себе, но и со луѓето наоколу.rn
„Важно е секој да биде слушнат. Задачата за нас, наставниците, е да бидеме сигурни дека децата разбираат како се чувствува другиот, и да се обидат да разберат зошто тој се чувствува токму така. На овој начин, можеме да дојдеме до заедничко решение основано на вистинско слушање и вистинско разбирање.“ Вели Јеспер Ванг, наставник во средно училиште во Данска.
rnПрочитајте и зошто емпатијата треба да започне од вас.
