КАФЕ ПАУЗА

Авантурите на кучето со две нозе што наликува на бебе-кенгур

Авантурите на кучето со две нозе што наликува на бебе-кенгур

Приказната за Гас – кучето на две нозе, ќе ве разнежни и ќе ве научи на многу важна лекција за посветеноста и борбеноста. Прочитајте го овој текст што без сомнеж ќе ве стопи и инспирира.rnrnАвантурите на кучето со две нозе што наликува на бебе-кенгурrnrn„Навистина многу наликуваше на бебе-кенгур!“ – Ова е првата мисла што ѝ поминала низ главата на Мелоди Рецонико од Вајоминг, во моментот кога за првпат го видела Гас – неодоливо куче со две нозе кое било занемарено од претходните сопственици. Откако видела фотографија од него, го земала телефонот во рака и веднаш ѝ пишала на мајка си: „Мислам дека ова ќе биде моето следно милениче!“rnrnКучето Гас било напуштено во Јужна Дакота кога имало 4 месеци, па Рецонико се поврзала со него преку локалното прифатилиште за животни.rn

„Едноставно се заљубив во неговата насмевка, иако не можев да проценам колку ќе ме чинат неговите здравствени проблеми“, вели Рецонико.

rnАвантурите на кучето со две нозе што наликува на бебе-кенгурrnrnКога го донела дома, знаејќи дека подвижноста на Гас ќе биде ограничена, Рецонико се заангажирала да му набави инвалидска количка.rn

„Можеше да се движи, но често паѓаше и си ја повредуваше брадата. Колку и да се обидував да му помогнам, бев свесна дека ќе му бидат потребни инвалидска количка и протези за движење“, вели Рецонико.

rnНајпрво се обиделе со инвалидска количка којашто добро му служела на улиците и на карпестите планински патеки, но Рецонико не сакала да го остави никој пат сам, дури ни кога одела на скијање. Така таа одлучила да го одведе Гас во Вирџинија во продавницата за протези за животни „ОртоПетс“, од каде му набавила помошна протеза изработена токму за неговите потреби. Екстремитетите на Гас не биле доволно цврсти за да можат да издржат класична протеза, па ова ѝ се чинело на Рецонико како најдобра опција. Делот што го прицврстува телото го поставила на парче пластика како основа и добила нешто налик на даска за сноуборд. Сега Гас е куче на две нозе што борда на снег!rnrnБлагодарение на различните видови помошна опрема, Гас успеал на се искачи на неколку планини со надморска височина од над 4.000 метри, го посетил градот Моаб во Јута, трчал низ песочни дини, патувал, пливал и кајакарел.rnrnАвантурите на кучето со две нозе што наликува на бебе-кенгурrnrnКога луѓето ќе го забележат веднаш се интересираат за неговата приказна, а Рецонико секогаш им вели:rn

„Само затоа што е малку различен, не значи дека не е вреден за некој да се бори за него.“

rnТаа смета дека ова е одличен пример што нè потсетува дека не треба да потценуваме некој затоа што е различен од нас.rnrnАвантурите на кучето со две нозе што наликува на бебе-кенгурrn

„Кога го земав, не знаев колкави ќе му бидат физичките капацитети, но сега е најактивното куче што го имам, а дома имам и овчарско куче. Ова е факт што многу зборува за Гас!“ – заклучува Рецонико.

rnПрочитајте и за ова куче кое не можело да јаде ако не стои исправено, па неговото семејство му направило специјално столче.