Ниту едно годишно време не носи толку промени во плакарот како летото. Одредена едноставност може да се забележи во нашите секојдневни модни комбинации од многу бои и дезени. Во текот на летото, покрај едноставноста важна е и функционалноста на модните парчиња. Поради тоа, ова лето сламените шешири ќе бидат дел од секоја модна комбинација.rnrnВо изминатите неколку сезони планирањето на било какви модни комбинации не беше возможно без овој моден додаток. Покрај тоа што сламените шешири ни даваат гламурозен изглед, тие исто така се одлична заштита од сончевата светлина. Сламените шешири исто така можат да ја сокријат лошата фризура, а сепак да направат да изгледате одлично. Погледнете ги овие сламени шешири и одберете го вашиот омилен. Изборот е голем – од едноставни и секојдневни до малку поелегантни.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете кои модели на очила за сонце во боја што ќе бидат во тренд ова лето.
Сламени шешири кои ќе ги обожавате ова лето
