КАФЕ ПАУЗА

Зошто е добро да спиете во ладна соба?

Written by

in

,

Температурата на воздухот во спалната соба може да има огромно влијание на квалитетот на вашиот сон. Иако шансите се дека поголемиот дел од вас не обрнуваат внимание на температурата на собата во текот на ноќта, за квалитетен сон најдобро е термометарот да покажува помеѓу 15 и 19 степени. Меѓутоа ако температурата е повисока од 24 степени или пониска од 13 степени, тоа може да доведе до немирен сон.rnrnrnrnЗошто температурата е толку важна? Нашата телесна температура природно расте и опаѓа во текот на денот. Највисока е во доцните попладневни часови, а најниска е околу 5 часот наутро. Спиењето обично почнува кога ќе опадне телесната температурата, па студената соба може да ве поттикне побрзо да заспиете. Ако идејата за квалитетен сон не ве убеди во снижувањето на температурата во спалната соба, постојат други причини зошто можеби би сакале да го сторите тоа. Прочитајте во продолжение.rn

Ќе имате помирен сон

rnНекои облици на несоница се резултат на лошо регулирана телесна температура. Ако вам ви е тешко да заспиете навечер, ладната спална соба ќе ви помогне да ја намалите телесната температура, помагајќи ви да потонете во длабок сон.rn

Ќе изгледате помладолико

rnСпиењето во постудена просторија го поттикнува лажењето мелатонин во телото, кој е еден од најдобрите телесни хормони против стареење.rn

Ќе ви помогне да изгубите вишок килограми

rnКога опаѓа телесната температура, се зголемува кортизолот, што ви овозможува поквалитетен сон. Кога не спиете доволно, вие ќе се разбудите со повисоко ниво кортизол – тоа значи дека постојат големи шанси да имате нагон за колачиња, и зголемена анксиозност.rn

Ќе го намалите ризикот од развојот на метаболички болести

rnЕдно истражување открило дека спиењето во спална соба со 19 степени Целзиусови може да ви помогне да спречите да развиете одредени метаболички болести, како дијабетесот. Учесниците не само што согорувале повеќе калории во текот на денот, туку скоро ја удвоиле количината на телесни масти кои му помага на телото да складираат помалку калории. Со текот на времето, вака се намалува ризикот од метаболички болести.rnrnЕпа ајде, облечете ги своите омилени пижами, отворете прозор и уживајте во слаткиот сон.rnrnПрочитајте и кои се 10-те здравствени придобивки од спиењето покрај личност што ја сакате.