Понекогаш се прашуваме зошто некој не ја прекине врската и не побара подобра прилика за себе кога заслужува многу повеќе отколку што има сега. Причината може да биде тоа што луѓето воопшто немаат претстава како изгледа здравиот и нормален однос и како добриот маж или добрата жена треба да се однесуваат кон својот партнер. Следуваат неколку знаци дека сте нашле личност која е добра и која никогаш не би ве повредила – ако го препознавате, направете сè за да го задржите!
rn
1. Никогаш нема да дозволи да заборавите колку ве сака
rnДобриот маж секогаш ќе ве потсетува како се чувствува за вас и колку се грижи за вас.rn
2. Секогаш ве поддржува
rnБез разлика што ќе одлучите во животот, тој ќе биде ваша поддршка и никогаш нема да ве обесхрабри или да направи да помислите дека нешто не можете да направите.rn
3. Тој ве инспирира
rnНачинот на кој некој од партнерите се бори за да успее во животот може да послужи како инспирација за другиот партнер.rn
4. Ќе работи на тоа да ја добие вашата доверба
rnДобриот маж секогаш ќе се обидува да се чувствувате удобно и сигурно во врската. Тој знае дека довербата не се поклонува, туку дека се гради со заслуги.rn
5. Прави секогаш да се чувствувате убаво
rnНе е доволно само да ви каже дека сте убави, туку тоа го покажува на начинот на кој ве гледа, допира и се однесува кон вас.
rn
6. Покрај него се чувствувате сигурно
rnЕден од најголемите комплименти кои жената може да му ги каже на мажот е дека покрај него се чувствува сигурно. Ништо не е важно, доколку жената не може мирно да спие покрај вас.rn
7. Обрнува внимание на малите работи
rnБез разлика колку некои работи за вас изгледаат мали и неважни, тој на нив ќе им обрне внимание доколку забележи дека се грижите.rn
8. Тој никогаш не ја преминува границата
rnНормално е да имате несогласувања, но тој никогаш нема да стане насилен и неразумен.rn
9. Постојано работи на себе
rnБез разлика дали учи нови работи или чита некоја книга, тој постојано работи на себе за интелектуално да ве предизвика и да го задржи вашето внимание.rn
10. Знае дека делата зборуваат повеќе од зборовите
rnТој знае дека луѓето кои постојано нешто ветуваат не заслужуваат почитување, туку дека вредат само оние кои ги исполнуваат своите ветувања.
rn
11. Ви се отвора
rnНа некои момци им е тешко да ги изразат своите чувства, стравови и желби, но кога покрај себе ја имаат вистинската жена тогаш тие стравови ги нема.rn
12. Секогаш е искрен со вас
rnЗа да изгради здрава и среќна врска со вас, добриот маж ќе знае дека сето тоа зависи од искреноста.rn
13. Удобно ви е да бидете искрени пред него
rnУживањето во врската доаѓа од отвореноста и искреноста кон партнерот, а тоа е последица на увереноста дека тој никогаш нема да ве осудува.rn
14. Тој никогаш не е насилен
rnБез разлика дали станува збор за емотивно, ментално или физичко насилство, тоа на добриот маж никогаш нема да му падне на памет.rn
15. Тој е со вас, без разлика на сѐ
rnКога мажот ќе го посвети своето време и љубов на жената што ја сака, ништо нема да може да го оттргне од неа. Добри или лоши времиња, тој е тука.
Дознајте кои знаци покажуваат дека тој ги заслужува вашето внимание и љубов.


