Училиште во Шпанија се справува со родовата нееднаквост на свој начин – со учење на момчињата традиционално „женски“ домашни задачи, како шиење и пеглање.rnrn
rnrnУчилиштето Монтекастело стои зад слоганот „Еднаквоста се учи преку дела“. Во 2018-та година, тие решиле да му додадат ново значење на својот слоган, преку програма што ги учи момчињата вештини како готвење, шиење и пеглање.rnrnКоординаторот на училиштето Габриел Браво за ова вели:rn
„Сметаме дека е многу корисно за нашите ученици да научат да ги извршуваат овие задачи, за кога ќе оформат фамилија, да бидат вклучени уште од почетокот, знаејќи дека домот е работа на двајца. Чистењето, миењето садови и пеглањето не се само обврска на жената.“
rnПрограмата е водена од наставници-волонтери, претставници на училишниот кампус, па дури и од татковци на некои од учениците. Таа исто така вклучува часови за традиционално машки вештини, како што се столарството и водоинсталатерството.rnrn
rnrnВработените во училишната администрација дошле до идеја од ваков тип обидувајќи се да смислат начин како да ги научат своите ученици за родовата еднаквост.rnrnМомчињата од Монтекастело прво негодувале за правењето „женски“ работи. Но, за многу кратко ги прифатиле овие активности.rnrnГабриел вели:rn
„На некои им беше прв пат да фатат пегла во рака. Истовремено беше забавно и поучно. Доста сме изненадени, а и родителите се многу среќни.“
rnОвие момчиња дефинитивно ќе станат прекрасни сопрузи еден ден!rnrnПогледнете уште една интересна приказна: Девојче објаснува зошто кажала на училиште дека нејзините одгледуваат марихуана, и нејзиниот одговор е урнебесен!