Претходно
Меки пица ролнички од лиснато тесто: Брзо се прават и исчезнуваат од чинијата за секунда
Овој едноставен рецепт е совршен за подготовка на викенд појадок или доколку ненадејно ви дојдат гости.
Потребни состојки:
- 1 пакетче лиснато тесто
- Доматен сос
- Шунка
- Кашкавал
- Оригано
- Други зачини по желба
Начин на подготовка:
- Расукајте го лиснатото тесто на набрашнета површина.
- Малку избоцкајте го со виљушка, па премачкајте го со доматен сос, но не сосема до рабовите.
- Посипете изрендан кашкавал и шунка колку што сакате, па додајте ги зачините.
- Заролајте го тестото почнувајќи од подолгата страна која е намачкана.
- Исечете ги пица ролничките на парчиња со дебелина од 1,5 до 2 см.
- Поставете ги на тава обложена со хартија за печење и печете ги во загреана рерна на 200 степени Целзиусови околу 20 минути.
Љубители сте на пица? Па кој не е!? Пробајте ја и оваа посна пица со ајвар која е необична, вкусна и готова за 10 минути.