Љубов каква што секоја жена посакува: 6 часа стоел на нога во авион за неговата сопруга да спие
Љубовта и романтиката не се изразуваат само со цвеќиња и големи гестови во јавност. Така на пример, овој маж стоел 6 часа во авион за да ѝ дозволи на неговата сопруга да се отспие на нивните споени седишта. Сепак, не сите го доживуваат овој гест како романтичен.
This guy stood up the whole 6 hours so his wife could sleep. Now THAT is love. pic.twitter.com/Vk9clS9cCj
— Courtney Lee Johnson (@courtneylj_) September 6, 2019
Неодамна една жена која посведочила на оваа случка, споделила фотографија од несебичниот чин на овој маж. За некои луѓе ова е убав гест од негова страна, додека други го критикуваат.
„Ако е тоа љубов, подобро да бидам осамен“, искоментирал еден човек.
„Тоа не е љубов. Неговата сопруга е себична, а тој е слабак“, нервозно се изразил друг.
Една жена рекла дека ова изгледа како ситуација помеѓу Роуз и Џек од Титаник и тоа го смета за глупаво.
Други сугерираат дека се работи за фотографија извадена од контекст:
„Лажги. Не дозволуваат да стоиш на преминот ни 5 минути, а не па 6 часа. Ма ајде човеку.“
„Не, не бидете такви… сѐ што гледате е слика која може да има милион различни приказни во позадина. Можеби постапил исправно. Според Шекспировите зборови, никогаш ништо не е ни исправно ни погрешно, но размислувањето за тоа го прави такво.“
Иако не знаеме што е вистинската причина за овој гест, одбираме да прифатиме дека се работи за романтичен потег. Колку и некој да го смета ова за глупаво и како знак на слабост, знаеме дека половина од светот мисли поинаку. Само прашајте ги жените. 🙂
Погледнете го и овој маж кој прави урнебесни „секси“ фотографии за својата девојка.