КАФЕ ПАУЗА

5 едноставни начини да ги направите вашите очила поудобни

Written by

in

,

Ако сте нови во светот на очилата или пак, поради некоја причина очилата што подолго ги носите не ви се веќе удобни, тогаш не грижете се – дојдовте на вистинското место! Пронајдете го вашиот проблем во продолжение и помогнете си со едноставниот предложен трик!rnrnrn

1. Со помош на фен за коса затегнете ги пластичните рамки

rnДа бидеме искрени, ако очилата ви се лизгаат по носот, тие нема да ви бидат удобни. За среќа постои едноставно решение да се погрижите дека пластичните рамки ви се поцврсти, а за тоа ви е потребен само еден обичен фен. Вклучете го фенот и загрејте ги рамките околу 20-тина секунди, па потоа превиткајте ги нежно за да ги наместите посоодветно.rn

2. Наместете ги влошките за нос на металните рамки

rnНе постои ништо слатко при пецкањето што може да ви го предизвикаат несоодветно наместените влошки за нос што се составен дел од металните рамки. Слободно повлечете ги наназад, внимателно, за да ги направите поудобни.rn

3. Инвестирајте во шрафцигер

rnАко постојано ги туркате очилата нагоре, тогаш може да делува како да го покажувате средниот прст на сите околу вас. Токму затоа и можеби не е лоша идеја да инвестирате во мал шрафцигер и да ги затегнете шрафчињата на двете страни од рамките.rn

4. Исправете го искривувањето на рамките

rnАко имате какво било извиткување на рамките, тогаш ќе ви бидат потребни мали клешти за да ги исправите. За исправување на пластични рамки, подобро е прво да ги потопите под топла вода или да ги загреете со фен за коса.rn

5. Помогнете си со бебешка пудра

rnИ за крај, ако очилата ви се нов додаток во животот, тогаш ви препорачуваме да се мачкате со бебешка пудра зад ушите за полесно да ја навикнете кожата на рамките. Не само што ќе се чувствувате поудобно – вие и ќе мирисате подобро!rnrnПогледнете ги и овие 16 трикови за шминкање за девојките кои носат очила.