Моќни и неодоливи: 3 парфеми во кои ќе уживаме оваа есен

Моќни и неодоливи: 3 парфеми во кои ќе уживаме оваа есен

Како што со промената на сезоната се менува нашата гардероба, истото се случува и со шминката и парфемот. Како што времето се оладува, така и ги оставаме зад себе летните, лесни и романтични миризби и ги заменуваме со малку потешки, сензуални и заводливи ноти. Кога станува збор за трендовите, со оваа есен ќе доминираат следниве 3 парфеми…

1. Dior – Joy Intense

Оваа сезона Диор го претставува Joy Intense, парфем што ќе ви донесе големо уживање. Во срцето на парфемот се наоѓа миризбата на ружа и јасмин, додека базата ја чинат ванилата и сандаловото дрво. Станува збор за интензивен и сензуален парфем, идеален за сите страсни дами.

2. Lancome – Idole

Во креирањето на овој парфем биле вклучени три различни континенти. Основниот впечаток што го оддава овој парфем е чистотата. Истовремено нежен и сензуален мирис кој во своето срце содржи мирис на турска ружа.

3. Elie Saab – Le Perfum Royal

Ели Сааб ја претставува кралската верзија на својот прв парфем. Во горните ноти се наоѓа слатката мандарина, додека во срцето на парфемот се сретнуваат миризбите на турската и бугарската ружа. Тој е интензивен мирис достоен за секоја жена со луксуз во својата крв.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар