Јогурт со смокви – здрава ужинка без глутен

Сподели

Летото е синоним за смокви, а кога ќе додадете јогурт, можете да добиете одлична закуска или совршен појадок со уште неколку состојки.

Реклама

Смокви – ова овошје е преполно со диетални влакна кои го подобруваат варењето на храната и гарантираат дека подолго време ќе се чувствувате сити.

Покрај тоа што се вкусни сами по себе, тие можат да бидат и одличен додаток или клучна состојка на многу слатко-солени деликатеси.

Смоквите се богати со витамини и минерали, од кои најзастапени се витамините А, Ц, К и Б, како и калиум, магнезиум, цинк, бакар, манган и железо.

Јогуртот и смоквите се основата на овој рецепт, а еве кои други состојки ги додадовме и како го подготвивме овој вкусен оброк.

rn

Потребни состојки:

rn

    rn 011

  • 75 грама суви смокви
  • rn 011

  • Вода
  • rn 011

  • 250 мл бадемово или кокосово млеко
  • rn 011

  • 125 грама грчки јогурт
  • rn 011

  • 1 помала замрзната банана
  • rn 011

  • 1 лажица мед
  • rn 011

  • 1 лажица путер од бадем
  • rn 011

  • 85 грама снегулки од хељда
  • rn 011

  • 1 лажичка кокосово масло
  • rn 011

  • ½ лажичка цимет
  • rn 011

  • 1 лажица кокосов шеќер
  • rn 011

  • Уште малку цимет
  • rn 011

  • 1 лажица семе од чиа
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rn

    rn 011

  1. Исечете ги смоквите на половина, ставете ги во сад и покријте ги со вода, па додадете малку мед. Оставете да отстојат натопени 10 минути или повеќе за да бидат што помеки и посочни.
  2. rn 011

  3. Во блендер измешајте ги грчкиот јогурт, млекото, бананата, остатокот од медот и бадемовиот путер и ставете ги настрана.
  4. rn 011

  5. Во сад измешајте ги снегулките од хељда, кокосовото масло, циметот и шеќерот. Печете го ова во тава околу 5-6 минути и потоа оставете да се излади.
  6. rn 011

  7. Ставете во две чаши по 3 половини смокви и истурете го јогуртот што претходно го подготвивте. Потоа додадете уште неколку смокви. Врз нив ставете ги снегулките од хељда, циметот и чиа семето, и вашиот десерт е подготвен.
  8. rn 011

  9. Уживајте!
  10. rn

rnПроверете го и овој брз и лесен десерт: Посни бомбици со суво овошје.rn

Автор: Ана Ќурчиевска

Популарно

Може ќе ве интересира