Сигурно барем еднаш сте се запрашале каде се кријат сите фини момци и џентлемени, додека вие константно наидувате на погрешни? Меѓутоа, тие воопшто не се кријат, туку секојдневно поминуваат покрај нас и за жал, ние не ги забележуваме. Во продолжени прочитајте како ги испуштате фините момци.rnrn
rn
1. Не им давате шанса
rnСекако дека е важно да имате одредени критериуми кога се во прашање момците, но во моментите кога станувате премногу пребирливи и не сакате да дадете шанса поради некои ситници, потребно е да ги преиспитате критериумите, бидејќи можеби тие ви стојат на патот на вашата среќа.rn
2. Склони сте на влегување од врска во врска
rnПо прекин на врска, дајте си малку време на себе да се преиспитате и да проверите што во вашата врска бил вистинскиот проблем, за да не ја направите истата грешка и да дадете шанса на некое момче кое ќе ве сака онака како што отсекогаш сте посакувале. Покрај тоа, доколку не ја преболите врската како што треба, нема да бидете во можност да се посветите на новиот партнер, да го запознаете и да го сакате целосно.rn
3. Не се движите доволно
rnШансите љубовта да ви затропа на вратата се минимални. Затоа не се затворајте во домот, туку почесто движете се во друштва, за да си дадете шанса да стекнете нови познанства и лудо да се заљубите.rn
4. Одбивате да го направите првиот чекор
rnПонекогаш, зад некое срамежливо момче кое е несигурно како да ви пристапи, можеби се крие совршениот партнер за вас. Затоа немојте да се двоумите да го направите првиот чекор кога некое момче ве интересира, бидејќи сами сте заслужни за својата среќа и затоа смело тргнете по неа.rnrnПрочитајте ги и овие 5 причини зошто секогаш „паѓате“ на лоши момци.