11-годишна Иранка е најпаметниот човек на светот со IQ поголемо и од Ајнштајн и од Хокинг!

11-годишна Иранка е најпаметниот човек на светот со IQ поголемо и од Ајнштајн и од Хокинг!

Се прашувате кој е најпаметниот човек во светот? Го имаме одговорот – тоа е 11-годишната Иранка која има поголемо IQ и од она на Ајнштајн и Хокинг. Станува збор за Тара Шарифи со иранско потекло која живее во Велика Британија и официјално станала најпаметното девојче на светот.

Тара како ученичка во британско училиште го полагала славниот Менса IQ тест на кој добила 162 бодови! Тој резултат ја издигнал високо над границите на генијалност – која се наоѓа на 140 бодови. Освен тоа, овој резултат ја прави попаметна и од Алберт Ајнштајн кој иако никогаш не го полагал тестот според процените имал 160 IQ. Стивен Хокинг исто така имал коефициент на интелигенција 160. Резултатот бил големо изненадување за сите, а посебно за Тара која изјавила: „Бев шокирана кога ми кажаа“.

Нејзините родители заедно одлучиле Тара да го полага тестот во Оксфорд бидејќи се сомневале дека постојат знаци за висока интелигенција кај нивната ќерка. Резултатите од нејзиниот тест зависел од нејзините способности да разбере одредени зборови и да одговори на нив во определено време.

„Знаев дека е паметна бидејќи на разни квизови одговараше на прашања, посебно на оние математичките, пред самите натпреварувачи. Сепак, не се надевав дека има толку висок коефициент на интелигенција“, рекол гордиот татко Хосеин Шарифи.

„Кога ќе бидам постара, би сакала да се занимавам со нешто што има врска со математика и наука“, изјавила Тара.

Како да ја препознаете генијалноста кај децата според МЕНСА?

Дете многу рано учи да чита

Дали детето почнало да чита на 4 години? Децата кои се заинтересирани за книгите веќе во раната доба, по правило имаат повисок коефициент на интелигенција. Повеќето деца почнуваат да читаат околу 6-тата година од животот.

Музикално е

Сеедно дали се работи за гитара, виолина, флејта, тапани или едноставно има склоност кон пеење – детето кое покажува склоност кон музиката и свирењето обично е многу интелигентно.

Има добра меморија

Тоа помни сè и зборува за работите што се случувале пред неколку недели или месеци? Тоа е добро бидејќи значи дека има добра меморија и висок IQ.

Љубопитно е

Љубопитноста е важна за интелигенцијата. Децата коишто многу прашуваат сакаат да научат повеќе и често имаат поголем IQ од останатите деца.

Има смисла за хумор

Вашето дете постојано смислува некои шеги? Ако понекогаш ви оди на нерви – смирете се и оставете го да се забавува. Менса тврди дека одличната смисла за хумор е знак за висок IQ.

Со задоволство разговара со сите

Дете „не се гаси“ и со задоволство зборува дури и со возрасни луѓе? Тоа е добро бидејќи исто така е еден од знаците за висока интелигенција.

Прочитајте кои необични знаци откриваат дека дефинитивно сте поинтелигентни од останатите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар