Нетрадиционални венчаници за невести кои сакаат нешто поинакво
Традиционалната бела венчаница се чини малку досадна кога има толку многу бои, материјали и силуети од кои можете да бирате. Индустријата за венчаници сериозно ја засили својата игра и идните невести треба да ја искористат оваа можност и да изберат нетрадиционална венчаница.
Во последните неколку сезони преовладува трендот кој диктира нешто поразличен, нетрадиционален стил, кој дозволува секоја идна невеста да си одбере венчаница по свој вкус. Со ваквите модели, невестите можат целосно да го истакнат својот карактер и стил во кој се чувствуваат удобно.
Денес можете да инвестирате во фустан кој воопшто не е венчаница, а со тоа и да заштедите многу пари. Од друга страна, можете да купите (или изнајмите) фустан за кој се смета дека е венчаница, но не потсетува на оние креации кои сме навикнати да ги гледаме на невестите.
Во продолжени погледнете ги овие венчаници, па можеби ќе добиете некоја инспирација…
Погледнете ја и оваа магична колекција венчаници за девојките што веруваат во самовили.