КАФЕ ПАУЗА

Имиња за вашите миленици инспирирани од цртаната серија Симпсонови

Имиња за вашите миленици инспирирани од цртаната серија Симпсонови

Кога избираме име, без разлика дали е тоа за бебе или миленик, свесни сме дека тоа треба да биде убаво, звучно и интересно, бидејќи името останува до крајот на животот. Во продолжение ви даваме неколку интересни предлози за вашите миленици, кои сигурно не ви паднале на ум.rnrnИмиња за вашите миленици инспирирани од цртаната серија Симпсоновиrn

Дали е паметно да му дадете на вашиот миленик име според некој лик од ТВ серија?

rnПронаоѓањето име за домашно милениче не е едноставна задача. Доколку и порано сте имале куче, тогаш знаете за што зборуваме.rnrnИмето на вашето куче треба да ја претставува вашата личност, но пред сѐ, личноста на самиот миленик. Многу од луѓето пронаоѓаат инспирација во познатите серии. Во поново време, голем број миленици се крстени според ликовите од познатата серија „Игра на тронови“. Ваков беше случајот и со ликовите од серијалот „Хари Потер“.rnrnКога веќе зборуваме за познати филмови и серии, никако не можеме да ги запоставиме „Симпсонови“, бидејќи тие никого не оставиле рамнодушен. Доколку сте обожавател на оваа серија, ви предлагаме неколку имиња, кои би можеле да бидат интересен избор за име на вашиот нов миленик.rnrnДа се даде име на миленик според лик од омилената серија е секогаш добра идеја, бидејќи тогаш не само што бираме име по звучност, туку и ги споредуваме особините на самиот лик и оние на нашиот нов пријател. Па, според ова, уште на самиот почеток името има посебно значење.rn

Лиса

rnДоколку веќе треба да објасниме и опишеме на какво куче би прилегало ова име, тогаш би рекле дека тоа секако треба да биде женка, паметна како што е и Лиса. Исто така, би требало да биде самостојна, да не може лесно да се контролира и потчинува, но и да има големо срце. Доколку треба да одредиме на кои раси би прилегало ова име, тоа секако би биле лабрадор, пудлица или чивава.rnrnЛиса Симпсонrn

Хомер

rnНајпознатиот протагонист, физички голем, пријател на каучот и непријател на физичките вежби. Има огромно срце и е заљубен во жената на неговиот живот. Дали вашиот миленик ве потсеќа на него? Булдог, бернардинец и басет се трите најнежни раси, кои се воедно и најмрзеливи. Доколку имате миленик од ваква раса, размислете, бидејќи може нема да најдете подобро име за него од Хомер.rnrnХомер Симпсонrn

Барт

rnДоколку размислувате да му го дадете името Барт на вашиот миленик, тогаш тоа би требало да биде бидејќи тој е бестрашен, секој ден прави пакости и секогаш е спремен за игра. Доколку го препознавте вашиот миленик во овој опис, тогаш ова е вистинското име за него.rnrnБарт Симпсонrn

Милхаус

rnНајдобриот пријател на Барт кој е познат по тоа што цело време го следи и прави сè што тој ќе му нареди, без преговарања и прашања. Па, ова име би било идеално за миленик кој е многу верен и приврзан за својот сопственик. Ова може да биде и малку иритирачки, бидејќи ваквото куче не е самостојно. Тоа е секогаш со семејството кое го обожава, без разлика каде и да се наоѓа, надвор на прошетка или во својот двор. Но, покрај тоа, ваквите миленици ги освојуваат срцата, бидејќи се претерано мили и нежни, како и послушни. Раси кои би одговарале за ова име се кокер и јоркширски териер.rnrnМилхаусrnrnПрочитајте и зошто луѓето сакаат да гледаат телевизија во друштво на милениците?