Сите ние сме го преживеале детството, но често забораваме на тоа. Длабоко во себе знаеме како да постапуваме со децата, но во секојдневието ни недостига трпеливост и мудрост за да го изведеме тоа правилно. Во продолжение прочитајте кои се 7–те важни работи кои можат да помогнат, како во формирањето на личноста на детето, така и во процесот на воспитување од страна на родителите:rnrn
rnrn1. Обичниот родител е убеден дека своето слободно време треба да биде целосно посветено на детето, а притоа своите интереси ги става во втор план.rnrn– Мудриот родител е способен да се грижи сам за себе, а на тој начин ги учи и своите деца за тоа.rnrn2. Обичниот родител ги поминува вечерните часови во помагање на детето со домашните задачи.rnrn– Во воспитувањето на детето, мудриот родител се придржува кон следнава стратегија: детето е одговорно за својата домашна задача, без разлика дали таа ќе биде уредно или неуредно сработена.rnrn3. Обичниот родител се обидува да се ослободи од чувството на вина со давање подароци и пари.rnrn– Мудриот родител му дава џепарлак на своето дете, кое самото треба да го распореди за да си купува работи или играчки, кои не се вклучени во семејниот буџет.rnrn
rnrn4. Обичниот родител не се обидува да сфати зошто неговото дете се однесува лошо. Во таквите моменти тој како да не го слуша детето.rnrn– Мудриот родител со целата своја снага се обидува да го сослуша детето, за да може да сфати што се крие под неговото лошо однесување, и така да пронајде начин да му помогне.rnrn
rnrn5. При воспитувањето, обичниот родител има за цел да направи пристоен човек од детето.rnrn– Мудриот родител прави сè за да изгради близок однос со своето дете.rnrn6. Обичниот човек често го разгалува своето дете, дозволувајќи му понекогаш да му се „качи“ на главата.rnrn– Мудриот родител знае дека има право на личен простор, хоби и време поминато без своето дете. Тој ги почитува своите граници, како и оние на детето.rnrn7. Обичниот родител се обидува да го заштити своето чедо од сите животни тешкотии, правејќи го и она што не е потребно.rnrn– Мудриот родител му дозволува на своето дете да прави грешки, а потоа заедно со него дискутира за лекциите кои детето може да ги извлече од дадената ситуација.rnrnПрочитајте ги и овие 5 проблеми во модерното воспитување поради кои родителите се „робови“ на нивните деца.
7 разлики помеѓу мудриот и обичниот родител
