Како функционираат емоционално интелигентните личности?

Како функционираат емоционално интелигентните личности?

Постојат некои работи кои интелигентните личности не ги прават, а тие во принцип се игнорирање и потиснување на емоциите. Но, постојат и работи кои прават, по кои можете да ги препознаете, како на пример, нивното однесување кон другите, а и кон самите себе.

Како функционираат емоционално - интелигентните личности?

Премногу се самосвесни

Ова не значи дека тие целосно се свесни за своите чувства и дека знаат како тие влијаат, не само на нив, туку и на другите луѓе. Тие не дозволуваат да влезат во ефект и никогаш не ги игнорираат своите чувства – не реагираат непромислено и безобѕирно, иако одлуките ги донесуваат со разумот, а не со срцето. Нивното срце и понатаму е мудро и дава одговори на ситуации без да навлезе во стапицата на гневот или драмата и патетиката.

Ги вреднуваат чувствата на другите

Емоционално интелигентните личности се многу сочувствителни, но тоа не значи дека лесно се сожалуваат кон некој, туку тие разбираат како некој се чувствува и според тоа го прилагодуваат своето однесување. Освен тоа, кога некој забележува дека другата личност ја разбира и почитува, веднаш станува прибран и спремен за соработка.

Тие управуваат со своите чувства

Бидејќи се свесни за своите чувства, тие можат да ги контролираат доколку се несоодветни во некоја ситуација или можат да им наштетат. Исто така, тие забележуваат кога некој се обидува да манипулира со нив или да им наметне чувство на вина и не дозволуваат никој да управува со нивните чувства.

Не се чувствуваат како жртви

Бидејќи свесно ги контролираат своите чувства, тие никогаш не ги обвинуваат другите доколку се чувствуваат лошо, тие ги прифаќаат и се носат со одговорностите за своите чувства, акции и својот живот. Помеѓу емоционално интелигентните личности, нема да пронајдете личност која постојано се жали, која ги тормози своите пријатели со своите проблеми (секогаш истите) и кои се незадоволни со својот живот.

Реални се и скромни

На овие личности не им претставува проблем да бидат скромни. Тие се самосвесни, се чувствуваат добро во своја кожа, ги познаваат своите вредности и маани и немаат никаква желба да се докажуваат, фалат или пак да триумфираат над некого – не запаѓаат во замката на егото, и нивната скромност е вистинска. Умеат да ги прифатат пофалбите кои ги заслужуваат и се радуваат на сопствениот успех, исто како што умеат да се радуваат на туѓиот успех и да даваат комплименти.

Прават баланс меѓу својот внатрешен и надворешен свет

Тие знаат дека нивниот внатрешен свет и внатрешната реалност може да ги доведе до нездрава длабочина – ја знаат замката на сопствената реалност и затоа постојано одржуваат баланс помеѓу она што го чувствуваат и она што се случува околу нив. Тие се во состојба да останат реални и да препознаат кога стануваат нереални.

Секогаш ги интересира причината

Никој не се однесува лошо затоа што се чувствува добро – нив ги интересира причината, па затоа истражуваат, размислуваат и се обидуваат да се разберат себеси и другите. Бидејќи кога разбираат зошто се чувствуваат на некој начин во одреден момент, тогаш можат подобро да го контролираат своето однесување и да ги решат проблемите онаму каде што настанале.

Се спротивставуваат само онаму каде што е потребно

Емоционално интелигентните луѓе ги бираат своите битки и не се впуштаат во конфликти без причина. Помеѓу нив нема личност која обожува да збесне и да се расправа. Но, кога се впуштаат во расправија, остануваат реални, разумни, коректни и чувствителни, за да не ја преминат границата и да не кажат или направат нешто што би ги деградирало или повредило другите.

Умеат да одбијат

Уметноста на одбивањето е лекција која можеме да ја научиме од емоционално интелигентните личности. Ваквите личности умеат да одбијат предлог или понуда која не им одговара, на начин на којшто нема никој да навредат и да направат да се чувствува лошо.

Дознајте и дали имате висока емоционална интелигенција со одговарање на овие прашања.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар