Работи кои не треба да ги носите доколку патувате со авион

Сподели

Авионот е превозно средство со кое најбрзо може да стигнете до посакуваната дестинација, но сепак треба да обрнете внимание на неколку детали доколку се одлучите за него. Постојат повеќе причини поради кои треба да внимавате што носите со вас кога патувате со авион, како што е аеродромската контрола. Покрај накитот, градникот и парфемот, постојат уште 4 работи кои треба да ги избегнувате по секоја цена доколку патувате на овој начин.

Реклама

rn

Голем накит, многу накит

rnНакитот, најчесто металниот, ќе ве забави и вас и останатите патници за време на аеродромската контрола, особено ако не можете лесно да го извадите. Затоа најдобро е да го носите во вашиот рачен багаж за да ја олесните целата процедура. Покажете почит кон надредените на авионската контрола, а со тоа ќе покажете дека имате почит и кон самите и своето време (особено ако не сакате да привлечете внимание).rn

Тесна облека

rnБез разлика дали се работи за панталони, здолниште, роба, јакна или маичка, избегнувајте ваков вид облека поради едноставна причина – кога патувате со авион, додека тој се движи на голема височина, телото отекува, па така тесната облека ја спречува правилната циркулација на крв и протокот на течности во организмот.

Земете пример од светските ѕвезди и модели кои секогаш патуваат во широки панталони. Дали мислевте дека тоа е без причина? Размислете повторно!rn

Неудобен градник

rnНема ништо полошо од чувството на болка во рамената или притиснатите гради додека седите во авион. Најдобро е да одберете спортски градник без жици, а пуш-ап градникот оставете го за друга прилика.rn

Шорцеви, мини здолниште и маички со рамки

rnПостојат 3 причини зошто не треба да носите ваква облека додека патувате со авион. Има голема шанса да замрзнете поради одредените стандарди за климатизација во авионот. Втората причина е тоа што вашата кожа ќе биде изложена на контакт со нечисти површини и не е препорачливо да бидете со гола кожа поради сигурносните процедури во случај на пожар или евакуација.rn

Парфем

rnКога сте во авион, воздухот го делите со многу луѓе во прилично мал и ограничен простор. Затоа имајте на ум дека она што ви е убаво вам може да биде тортура за другите, а исто така може да претставува и проблем кај лицата кои страдаат од астма или имаат проблеми со дишењето.rn

Високи потпетици и апостолки

rnОвде се работи за вашата сигурност. Високите потпетици, влечки, папучи или апостолки можат значително да ве забават доколку се појави итен случај, како на пример, касните на аеродромот и треба да го забрзате темпото за да стигнете на време и да не го пропуштите летот. Со ваков вид обувки ризикувате многу. Облечете удобни и практични обувки.rn

Гломазни јакни

rnИзбегнувајте да носите вакви јакни додека патувате во авион. Подвижноста ќе ви биде ограничена, особено во кризните ситуации и ќе го намалите просторот на оние кои седат покрај вас, што е многу непристојно. Никој не платил карта за да дели седиште со вашата јакна.

Во секој случај, доколку патувате со авион, имајте на ум дека треба да бидете облечени во едноставна и практична облека. На тој начин, брзо ќе ја поминете авионската контрола и лесно ќе се сместите во авионот без да им засметате на останатите патници.

Дознајте кои се и најопасните работи што можете да ги направите во авион.

Популарно

Може ќе ве интересира