4 нешта што ви се случуваат кога сте повозрасни и се сосема во ред

4 нешта што ви се случуваат кога сте повозрасни и се сосема во ред

Луѓето честопати влегуваат во вашиот живот многу изненадувачки, но и толку брзо си одат. Поради некои ви е многу жал бидејќи сте мислеле дека нема да прекинете со дружење. Сепак не е крај на светот поради тоа што не се дел од вашиот живот. На тоа гледајте позитивно затоа што ако пријателството вредело – ќе траело.

1. Помалку сте подготвени да поднесувате одредени работи

Кога сте млади, имате порив да бидете пријатели со сите. Премногу се грижите што ќе кажат другите за вас. Можеби сте правеле и некои нешта што во повозрасниот период не би се осмелиле да ги правите. Меѓутоа, тоа имало влијание врз остварување лоши пријателства. Тогаш не ги разбиравте знаците на предупредување или не можете да препознаете дека другите ве „газат“. Како што станувате позрели, толку помалку сте подготвени да трпите одредени работи. Немате време за незрели глупости дури иако тоа значи дека повеќе нема да се гледате со луѓето со кои сте поминувале доста заедничко време. Подраго ви е да го поминувате времето сами отколку со некој поради кој ќе се чувствувате осамено.

2. Помалку ви е дојдено до остварување нови пријателства

Дојдовте до точката во која стекнувањето нови пријателства и остварувањето нови пријателства не се повеќе на вашата листа. Односно, променета ви е листата на приоритети. Досега веќе ви е јасно кои луѓе се секогаш тука за вас. Сепак, тоа не значи дека не сте дружељубива личност. Разговарате и се дружите со луѓето, правите различни забавни активности со нив, но не ги пуштате во вашиот живот. Не им доверувате тајни, не дозволувате да ве видат кога сте ранливи. Одамна ја поминавте точката кога ви беше потребна нова најдобра пријателка. Дури и ако не сте во најдобри односи со пријателката за која мислевте дека ви е најдобра пријателка, едноставно повеќе не ви е грижа. Не, не сте ниту песимистични, ниту депресивни. Едноставно немате време за тоа бидејќи вие така сте одлучиле и тоа е сосема во ред.

3. Помалку им верувате на луѓето

Понекогаш се чудите со каква леснотија ве напуштиле некои луѓе. Луѓе кои ги сметавте за квалитетни и за кои верувавте дека секогаш ќе ви бидат при рака. Тоа е воедно суров начин за да ги отворите очите. Поради тоа станувате посилни и затоа го имате тој дебел слој кожа за воопшто да не ви е важно што другите мислат за вас. Најдобрите луѓе и понатаму се покрај вас и нивното мислење го цените, како и тие вашето. Тие се важни, а сите останати поубаво што заминале.

4. Помалку сте спремни да ги ставате другите пред себе

Кога ќе престанете да се грижите за другите луѓе и ќе почнете да се сакате себеси тогаш работите почнуваат да се менуваат на подобро. Престанувате да правите работи за да ги задоволите другите и се фокусирате на себе. Многу пријателства „пукнале“ поради овој едноставен факт. Кога еднаш ќе престанете да им дозволувате на другите да се однесуваат на лош начин кон вас (на пример, да се тука само кога ним им одговара) тогаш поголемиот дел од нив сфаќаат дека од вас повеќе немаат корист. Вие почнувате да станувате подобра верзија од себе – внатрешно. И на сите можни начини. Станувате личност која вистински знае што сака, а тоа не се луѓето кои ќе ве сопнуваат на секој чекор и ќе ве искористуваат на сите можни начини.

Дознајте и за кои работи зрелите жени не се грижат воопшто.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар