Етерични масла кои ги смируваат изгорениците од сонце

Сподели

Лето без изгореници е исто како утописка бајка со среќен крај.

Реклама

Изгорениците кои се појавуваат на кожата, можат многу брзо да поминат со помош на неколку етерични масла. Дури и ако редовно користиме крема за заштита и седиме под сенка, сепак сончевите зраци можат да ја изгорат кожата. Во такви ситуации, етеричните масла можат да помогнат во смирување на изгорениците и притоа да ја регенерираат оштетената кожа.

rn

Лаванда

rnЕтеричното масло од лаванда има многу позитивни лековити ефекти. Составот на ова есенцијално масло ја дезинфицира кожата и делува противвоспалително при што се забрзува процесот на зараснување и регенерација.

rn

Пеперминт

rnЕтеричното масло од пеперминт ја лади и освежува кожата. Тоа овозможува моментално олеснување на болката, ја омекнува кожата и го спречува нејзиното понатамошно сушење. Може да се примени директно на изгорениците.

rn

Камилица

rnЕтеричното масло од камилица се смета за одличен лек за изгореници, бидејќи содржи голема количина антиоксиданти. Ова масло се користи за најразлични проблеми со кожата, од изгореници до рани. Има антиинфламаторни и антибактериски својства, ја омекнува кожата и го забрзува процесот на заздравување на раните.

rn

Еукалиптус

rnЕтеричното масло од еукалиптус, исто така лади и има антиинфламаторно дејство. По употреба веднаш започнува процесот на регенерирање на кожата. Поради своите антибактериски својства ја штити кожата од можни инфекции.

rn

Пелагонија

rnЕтеричното масло од пелагонија се користи за најразлични кожни проблеми, како и за ублажување на изгореници. Неговиот антибактериски состав ја олеснува болката и го забрзува процесот на регенерација на кожата.

Прочитајте и како да ги излечите нарушувањата на тироидната жлезда со помош на неколку етерични масла.

Популарно

Може ќе ве интересира