Науката вели дека навистина можеме да умреме од здодевност

Науката вели дека навистина можеме да умреме од здодевност

Сите ние во животот имаме искусено здодевност, толку голема што ни предизвикала чувство дека ќе умреме од неа. И изгледа дека нашето чувство не нè лажело. Иако изгледа невозможно, научниците поврзале многу смртни случаи со здодевност. Но, она што претставува ризик за смрт од здодевност, е она што го правиме за да ја намалиме нашата здодеана состојба на умот. Оние на кои полесно им досадуваат нештата, повеќе се изложени на ризични однесувања. Од непромислена физичка љубов до не толку безбеден спорт, работите кои ги правиме додека ни е досадно, ги намалуваат нашите очекувања во животот.

(1) naukata-veli-deka-mozheme-da-umreme-od-zdodevnost

Тинејџерите многу повеќе се склони на здодевност поради прекумерната стимулација и недостатокот на вештини кога акцијата во текот на денон ќе се намали. Голем дел од луѓето умешно ја надминуваат здодевноста, но не сите. Колку сме изложени на ризик од ризично однесување за време на здодевноста, зависи од тоа каква личност сме.

Причината зошто ние не уживаме во здодевноста, се крие во нашите рецептори за допамин. Кога ќе се возбудиме од некоја нова ситуација, испуштаме невротрансмитери, кои се одговорни за возбудата во нашиот мозок. Кога ова се случува, доживувањето ни е многу пријатно, што доведува до чувство на новитет кога мозокот е стимулиран.

На некој начин, ние стануваме зависни од сè што нè стимулира, што ја прави здодевноста неподнослива.

Едно истражување открило можност за решение. Истражувањето покажало дека оние кои биле посклони на здодевност, се обиделе да ја намалат здодевноста со одвлекување на вниманието, како перење алишта или кратка пауза од работата. Меѓутоа овие мерки не успеале. Оние кои правеле позначајни работи за време на здодевноста како медитација и дружење со луѓе, имале поголеми шанси за успех.

Погледнете ги и овие забавни фотографии од семејство што не знае како да се досадува.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар