Постојат неколку нешта што предизвикуваат акни и за да се ослободите од нив не ви се потребни нити скапи креми, нити лекови или долги диети. Сѐ што ви е потребно е да се храните поздраво. Така ќе добиете поздрава, поубава, поблескава и почиста кожа.rnrn
rn
1. Одморете од храна која го воспалува стомакот
rnНаправете пауза од шеќер, млечни производи, пченка и соја. Барем за кратко. Добра идеја е и да намалите со кофеинот и алкохолот. Ова е типична анти-акни диета, но ако се придржувате до неа ќе почувствувате разни бенефиции, меѓу кои и подобрување на општото здравје. Откако ќе се чувствувате подобро можете повторно да ја јадете ваквата храна, но умерено.rn
2. Пробајте елиминациска диета
rnАко мислите дека имате проблем со чувствителност на некоја храна, тогаш елиминациската диета е одличен начин да го откриете тоа. За да направите елиминациска диета треба во период од една недела да се ослободите од сѐ што мислите дека би можело да ви предизвикува акни, проблеми со варењето или чувство на умор после јадење и потоа да ги враќате назад во исхраната, по една група или едно јадење на ден и да забележите дали таа храна или тоа јадење ви предизвикувало проблеми.rnrn
rnrnАко откриете дека имате проблем со одредена храна или група производи тогаш можеби подобро е да не го внесувате тоа подолго време (или засекогаш). Вашата кожа и вашиот стомак ќе ви бидат благодарни.rn
3. Јадете храна која лекува
rnЗа време на паузата од храна која го воспалува стомакот или за време на елиминациската диета, исто така би било добро да вметнете храна која лекува. Тука спаѓа ферментираната храна како кефир и расол. Кокосовата вода е исто така добра идеја, а и супата од коски која содржи Л-глутамин – состојка која помага во дигестијата. Исто така можете да вметнете и пробиотици како додатоци во исхраната.rn
4. Одморете се
rnМногу е важно да бидете одморени и со ниски нивоа на стрес за да бидете здрави. Не само тоа, стресот може да влијае врз дигестивниот систем и тој да ги предизвикува сите проблеми. Затоа, фокусирајте се на релаксација, дишете длабоко пред да почнете да јадете и џвакајте ја храната. Најдете време за малечки паузи во вашиот распоред и редовно одморајте се.