Бјути трикови што настанале пред неколку векови, а ги практикуваме и денес!
Жените уште во минатото се грижеле за својата убавина и користеле различни трикови и методи за разубавување. Најчесто тие користеле природни состојки, а голем дел од нив и денес се користат во модната индустрија. Па, дали го знаете потеклото на овие трикови?
На сите им е јасно дека козметологијата е во чекор со времето, но тоа не значи дека рецептите за убавина што биле измислени пред многу векови денес ќе бидат заборавени. Некои од нив сè уште се интересни и активно се користат во козметичките брендови и спа центри! Ви откриваме неколку стари, но добри ритуали кои се актуелни денес исто како и пред многу години.
Турција: масло од ружа
Конкубините во локалните хареми кои постоеле со векови имале многу тајни за убавина. Но, најпопуларна „алатка“ за убавина било драгоценото масло од ружа чиешто производство било неверојатно скапо. Маслото го додавале во маска за лице, миризлива купка и во креми. Денес повеќето турски брендови произведуваат козметика базирана на вода од ружа со оглед на популарноста на органските производи. Маслото од ружа содржи антиоксиданти и хранливи материи што го прават единствен лек за кој било вид кожа. Без оглед дали страдате од зголемени маснотии, зголемени пори, сувост или осетливост, маслото од ружа ќе ви помогне да се ослободите од овие проблеми. Тоа ја враќа еластичноста и го забрзува производството на колаген и еластин, па е идеално за нега на лицето после 30-тите години.
Франција: крема за раце и балсам
Историјата на француската козметологија започнала со лекарите на Марија Антоанета кои морале да создадат крема за нега на рацете. Кралицата на Франција била опседната со кожата на рацете додека била млада, така што во дворот имала неколку козметичари. Пред спиење ставала балсам на рацете, а после тоа ракавици за да ја зголеми ефикасноста (ова се прави и денес). На почетокот и средината на 20-тиот век во Франција е сочувана страста за нега на кожата на рацете – најпопуларната процедура помеѓу жителите на Париз биле восок и маски од масло.
Финска: сауна
Девојките од Финска имале нешто со коешто им се спротивставувале на турските амам парни тоалети. Финската сауна е одличен начин за борба против прекумерна тежина, болести на нервниот систем и намален имунитет. Седењето во сауна може да се спореди со некои видови физичка активност.
Индија: куркума
Во Европа и во западните земји популарноста на куркумата дури сега зема замав, а во Индија одамна се користела и тоа не само како зачин. Дури и во далечните времиња, куркумата ја додавале во маските за лице и коса бидејќи има голема антисептична активност и ја инхибира пролиферацијата на бактерии и габички кои предизвикуваат акни и првут. Куркумата исто така ја тонира кожата и помага при борбата против слободните радикали. Инспирирана од нејзините својства, Миранда Кер ја вклучила во маската за чистење во својот козметички бренд.
Кина: акупунктура
Методот за лекување со 2.000-годишна историја веќе долго ја покажува својата ефикасност, и не само во лечењето астма, главоболка или проблеми со грбот. Акупунктурата им помага со слабеењето на оние кои патат од неконтролирано прејадување. Со текот на времето хормоните се стабилизираат, а проблемите со нерегуларниот циклус и зголемената раздразливост исчезнуваат.
Погледнете ги и овие бјути трикови што ќе ви го променат животот.