Претходно
Фантастичен летен вкус: Овошен десерт со крем од ванила!
Направете ги овие мини тортички кои се комбинација од лимон, бисквити и ванила. Веруваме дека вкусот ќе ве воодушеви!
Во потрага сте по едноставен и лесен рецепт за летен овошен десерт со фантастичен вкус?
Потребни состојки за бисквитот од лимон:
- 3 јајца
- 150 грама шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 200 мл јогурт
- 150 мл масло
- рендана кора од 1 лимон
- 150 грама остро брашно
- 70 грама мазно брашно
- 1 прашок за печиво
Потребни состојки за кремот од ванила:
- 300 мл млеко
- 1 пудинг од ванила
- 3-4 лажици шеќер
- 30 грама путер или маргарин
- 1 кесичка шлаг во прав
Подготовка на бисквитот:
- Изматете ги пенливо јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер, па додадете ги јогуртот и маслото.
- Додадете ги претходно изренданата кора од лимон, брашното и прашокот за печиво.
- Калапите за мини тортитчките наполнете ги малку повеќе од половина.
- Печете на 180 степени, околу 30 минути.
Подготовка на кремот:
- Сварете го пудингот со шеќер во 300 мл млеко како што вообичаено го правите.
- Додека е уште тпол додадете го путерот и измешајте, па оставете го да се лади.
- Кога сосема ќе се излади, додадете го и изматениот шлаг.
- Дополнете ги калапите со изладениот крем и украсете со овошје по желба.
Погледнете го и рецептот за овој кремаст колач со овошен фил кој не се пече.