Шеширите за на плажа никогаш не излегуваат од мода. Тие се практични и корисни, а истовремено се и впечатлив моден детаљ. Во комбинација со едноделен костим за капење и очила за сонце со мачкест облик ќе добиете шик моден аутфит. Ваквите шешири можете да го носите кога не сте на плажа – убаво одговараат со летни панталони и со лесни фустани. Во богатата понуда сигурно ќе најдете некој шешир којшто ви се допаѓа. Во последните неколку години многу се популарни шеширите со натписи, кои обично се со летни мотиви. Доколку сакате уникатен шешир, а притоа да останете во текот со модните трендови, вие можете и самите да го дизајнирате. Како? Дознајте во продолжение.rnrn
rn
За овој проект ќе ви бидат потребни:
rn
- rn 011
- Шешир
- Леплива трака
- Лепило за ткаенина
- Ножици
- Декоративна машна по избор
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
rn
Начин на подготовка:
rnШеширот ставете го на рамна површина. Земете ја машната и пробувајте разни комбинации – натписот можете да го искреирате од целосната машна или да ја исечете на неколку пократки дела. Инспирација за фонтот можете да најдете на Интернет.rnrn
rnrnКога ќе го најдете вистинското место кое одговара за натписот, наместете ја декоративната машна според натписот, а на одредени места залепете ја со леплива трака за да не ви се измести. Потоа почнете да ја лепите машната на шеширот со лепилото за ткаенина. Откако ќе завршите со лепењето, извадете ја лепливата трака бидејќи повеќе не ви е потребно дополнително фиксирање.rnrn
rnrnНа овој начин вие ќе го освежите својот стар сламен шешир, а со малку пари и труд ќе добиете модно парче кое е целосен тренд ова лето. Зарем не изгледа прекрасно?rnrn
