7 трикови што дотераните жени ги применуваат секој ден

7 трикови што дотераните жени ги применуваат секој ден

На сите ни се познати непријатните стапици од секојдневниот живот. Понекогаш тоа е неочекуван стрес во раните утрински часови, плускавци од новите чевли или дамка од штотуку испиеното кафе на блузата. Не може да се каже дека жените со стил се имуни на таквите проблеми – тие се само добро подготвени.

7 трикови што дотераните жени ги применуваат секој ден

Сѐ што треба е да ги прифатите нивните навики и да вклучите само неколку едноставни трикови во вашето секојдневие. А некои од нив започнуваат наутро веднаш штом се разбудите…

Внимавајте на времето

Утринската рутина генерално бара повеќе време отколку што планирате. Појадок, туширање, шминкање и облекување – сето ова не се прави за десет минути. Затоа, за да го избегнете стресот, станете малку порано од вообичаено и спремете се на раат. Повеќето грешки се случуваат во брзање.

Планирајте комбинации

Ако имате време, може многу да ви биде од помош ако подготвите комплетна облека уште претходната вечер. Така нема да мора да растурате во плакарот во раните утрински часови и воедно ќе имате повеќе време за другите работи. Ако немате време, тогаш барем размислете пред спиење што ќе носите наредниот ден.

Погрижете се за долната облека

Жените со стил секогаш имаат соодветна долна облека. Ништо не е проѕирно, ништо не ги стега. Обрнете внимание на материјалот и бојата на облеката, па според тоа одберете ја и долната облека што ќе ја носите. За светлите панталони се препорачуваат гаќички без рабови. За горниот дел, кога носите маичка со тенки прерамки, носете градник без прерамки.

Следете ја временската прогноза

Најдобро е да ја слушнете временската прогноза во утринските часови или да погледнете на интернет. Температурите се малку пониски наутро, па затоа се препорачува да сте слоевито облечени.

Носете облека што добро ви стои

Алфа и омега на добро стилизираниот изглед се парчиња облека што одлично ви стојат. Облеката која не е во вашиот конфекциски број, тешко дека ќе изгледа добро на вас.

Пронајдете го вистинскиот моден додаток

Без разлика дали тоа е чанта, накит или шал – соодветниот моден додаток го прави изгледот комплетен. Сепак, тука е и следното правило: помалку е повеќе!

Носете ја „кутијата за прва помош“ со вас

Спакувајте во вашата чанта неколку безопасни и фластери, коректор и кармин. Овие работи не зафаќаат многу место, а во разни ситуации можат да ви го спасат денот.

Автор: Антонина Велјановска


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар