6 треперења на машкото срце коишто тој ги крие од вас: Што сака, а ретко признава?
Тој е подготвен да зборува со часови за фудбалски натпревари, но кога станува збор за вашата врска, разговорот главно се сведува на вашиот монолог. Што тој навистина мисли… прочитајте во продолжение!
„Што тој навистина мисли?“, е прашање што го слушаме во поп песните, на моминските забави, на кафе дружбите со пријателките… Еве го одговорот од доверливи машки извори!
Може да се каже дека постојат два клучни извори на неговото задоволство – емоционален и физички. Сепак, и двата се подеднакво застапени во одговорите што момците ги дале на прашањето погоре.
1. Сакам кога се насмевнува, особено кога се смее на моите успешни (или не толку успешни) шеги
„Начинот на кој таа се смее на моите глупави шеги, секогаш на крајот и мене ме насмевнува“, рекол еден од момците. Друг тоа вака го срочил: „Кога кажувам нешто смешно, секогаш потајно гледам како таа ќе реагира. А таа секогаш почнува да се кикоти, така што јас веднаш посакувам да ја бакнам“.
2. Сакам кога ме гледа со љубов
„Понекогаш ја фаќам како ме гледа и потоа одеднаш го тргнува погледот. Јас едноставно се топам од што се чувствувам посакувано“, признал еден од учесниците во анкетата. Тајниот поглед на партнерката е дефинитивно еден од најсилните афродизијаци, што го покажува и овој коментар: „Нејзиниот најубав поглед кон мене е оној за којшто таа не е свесна дека сум го фатил“.
3. Го сакам нејзиниот заштитен знак
Сите момци сакаат кога нивната партнерка прави нешто уникатно, без разлика дали се работи за знак на срамежливост или за некој вообичаен гест. „Кога станува малку нервозна, таа има навика да си игра со прамен од косата, а мене тоа многу ми се допаѓа“, напишал еден од момците. А некои пак, имаат интересен фетиш: „Најслатка ми е кога кива. Таа тоа го прави толку слатко, како маче“.
4. Сакам кога е малку груба
Во репертоарот на агресивното искажување љубов, најпопуларно е „грабнувањето одзади. „Сакам кога ќе ме изненади со прегратка од зад грб“, признало едно момче, додека друг учесник во анкетата се изјаснил дека сака неговата партнерка силно да го прегрнува и притиска, без разлика дали одзади или од напред. „Уживам кога ќе ме грицне додека се бакнуваме“, рекол друг, а сите се согласни дека женската иницијатива во сексуалниот однос е повеќе од пожелна.
5. Сакам кога си игра со мојата коса или ме масира
Косата, рамењата и грбот, драги дами, се тајни места коишто на момците им пружаат посебно задоволство. „Кога ќе ми ги измасира рамењата и грбот, тоа ми е најубавото чувство на светот!“, рекол еден од момците, додека други веруваат дека начинот на кој неговата драга си игра со неговата коса е „апсолутно уникатен“.
6. Сакам кога се милува со мене
Спротивно на сите стереотипи за мажите, повеќето мажи признаваат дека се топат кога партнерката сака да се милува. „Го сакам нејзиниот нежен начин кога го бара тоа пред спиење“, а други посебно уживаат кога нивната најсакана им се приближува кон градите сѐ поблиску и поблиску.
Автор: Антонина Велјановска