Црната месечина можеби звучи страшно, но носи многу придобивки
Новата месечина во јули полека ни се приближува. Но, интересно е дека овој месец ќе има две нови месечини. Втората ќе се појави на 31 јули и тоа е всушност она што се нарекува „црна месечина“.
Црните месечини ретко се појавуваат, а имаат силна енергетска моќ. Тие не добиваат толку внимание колку што заслужуваат, но ако се фокусираме на нив, ќе добиеме многу повеќе отколку што би можеле да си замислиме. Доколку во моментов се чувствувате преплавени со обврски или емоции, оваа двојна енергија која доаѓа кон нас може да има некаква врска со тоа.
Вообичаено, новата месечина е време на нови почетоци – тишина од која се раѓаат нови процеси, нови патеки, нови искуства. Во темнината на новата месечина можеме инстинктивно да го почувствуваме доаѓањето на новиот живот и да се подготвиме за тоа. Ако пред вас е некој нов почеток или пак сте во фаза на промени во некој аспект од вашиот живот, размислувањето за нивниот развој за време на новата месечина може да биде доста продуктивно. Нема потреба од акција, само свртете се тивко кон себе и размислувајте и негувајте ги корените на вашите идни остварувања. Овие корени може да имаат многу различни форми, од материјални ресурси, до некои важни односи.
Заводливата темнина на новата месечина нѐ повикува да се осврнеме кон сопствената мудрост. Нивото на нашата енергија може да биде релативно ниско, па затоа најдобро е да избегнуваме обврски кои бараат голема физичка активност. Природната тенденција во темнина е да се повлечеме, хибернираме и да се одмориме за да можеме потоа постепено да се вратиме кон светлината која ќе настапи со доаѓањето на полната месечина. Секоја нова месечина има лично значење за секој поединец, напоредно со колективното влијание и значење за сите.
Црната месечина е особено моќна нова месечина која навестува значителна нова фаза во животот. Можеме да ја искористиме нејзината моќна енергија за да промениме некои аспекти во нашиот живот. Секоја црна месечина го сигнализира почетокот на нов циклус кој трае сѐ до следната црна месечина, две и пол до три години подоцна. Овие моќни моменти можат значително да влијаат на следните години. Затоа е мудро да ја искористите енергијата добро!
Не дозволувајте оваа моќна енергија само да помине покрај вас. Во овој период, треба да работиме на самите себе, слушајќи ја сопствената внатрешност. Многу повеќе се случува во нашите умови и тела отколку што мислиме.
Автор: Ана Патриклиева