5 утрински ритуали што ќе ви го подобрат расположението
Навиките ни го одредуваат денот. Како што ќе го започнете утрото таков ќе ви биде и остатокот од денот. Доколку се разбудите незадоволни и нерасположени така ќе ви биде до крајот на денот, а за да го спречите тоа пробајте ги овие 5 ритуали кои сигурно ќе ви го променат расположението!
Без електронски уреди
Повеќето од нас непосредно пред спиење имаме лоша навика да гледаме телевизија или да користиме телефон. Електронските уреди емитуваат светлина која не ни дозволува да заспиеме и потоа лошо ни влијае на квалитетот на сонот. Поради тоа се препорачува да читате книга пред да заспиете. Најдобро би било доколку телефонот го оставите настрана барем еден час пред да потонете во сон.
Подигнете ги ролетните
Сончевата светлина влијае на нашиот мозок исто како и темнината. Затоа затемнете ја собата, не ги спуштајте ролетните и не ставајте тешки темни завеси за да се скриете од светлото. Додека светлината постојано нè буди, мракот му дава сигнали на нашиот мозок дека треба да се спие. Затоа не се препорачува осветлување на просторијата во којашто спиете.
Не консумирајте алкохол
Доколку сакате да се разбудите полни со елан заборавете на алкохолот пред да заспиете. Тој лошо влијае врз вашиот сон, а доколку ви се случи ноќно пијанство испијте две чаши вода пред заминување во кревет. Меѓутоа, некои податоци говорат дека е неопходно да се внесат онолку чаши вода колку што сте испиле алкохол. Ова правило посебно важи за виното.
Вежбајте
Сите научни истражувања кои се занимавале со врската помеѓу менталното и телесното здравје покажале дека луѓето кои вежбаат околу два и пол часа неделно подобро спијат од оние кои не се физички активни. Кога ќе бидете уморени убаво и ќе легнете да спиете загарантирано е дека утрото ќе се разбудите одморени.
Уживајте повеќе
Кога ќе се разбудите наутро потрудете се да уживате повеќе. Не брзајте никаде после станување туку дајте си себеси време за во мир да го испиете вашето утринско кафе или чај. Можете да правите што било за време на вашиот утрински ритуал кој што ви носи уживање. Нека бидат тоа 15 минути уживање во текот на кои нема да размислувате за обврските кои треба да ги извршите во текот на истиот ден.
Прочитајте ги и овие 8 начини да си го направите утрото порелаксирано.