Шест работи кои треба да ги избегнувате ова лето

Шест работи кои треба да ги избегнувате ова лето

Месеците на бескрајно лошите временски услови се конечно зад нас, па се чини дека сега можеме да си го исполниме секој сон.

Долги вечерни прошетки, патување на море, капење во базен, возење скутер и секој викенд многу сладоледи – има многу работи што можете да ги правите во текот на летото. Сепак, може да имате многу планови, но мора да бидете сигурни дека ништо нема да ве спречи во нивното остварување.

Шест работи кои треба да ги избегнувате ова лето

Еве неколку работи кои треба да ги избегнувате ова лето.

1. Луѓе кои ви го расипуваат расположението

Најлошиот начин да го поминете летото е блиску до луѓе кои ви предизвикуваат само негативни емоции. Размислете колку често се чувствувавте непотребно виновни или непријатно заради вашите „пријатели“. Ослободете се од сите токсични ефекти кои не може да бидат корисни за никого.

Шест работи кои треба да ги избегнувате ова лето

2. Социјални мрежи

Во исто време, направете одмор и прекинете ги врските со социјалните мрежи. Исклучете ги сите известувања и оставете го телефонот настрана. Престанете да фотографирате и постојано да ги известувате виртуелните пријатели за сите случувања. Фокусирајте се на она што ви се случува и обидете се да ги зачувате моментите во вашата глава, а не во вашиот телефон.

3. Временски услови

Задржете го позитивниот поглед на нештата, наместо да тагувате што мора да се одложи одморот во природа. Размислете што друго можете да направите, дури и ако времето не е совршено за прошетка. Летата се долги и температурите се многу високи, но не тагувајте – поминете го целиот ден дома со клима уред. Можете да организирате ручек со вашите пријатели, поканувајќи ги заедно да зготвите нешто необично.

4. Импулсивна потрошувачка

Фактот дека имате ограничен буџет не треба да ви ја уништува забавата. Информирајте се за разните начини кои ќе ви дозволат да заштедите на патувањата и однапред планирајте како ќе ги распределите парите. Нема потреба да ангажирате професионален фотограф, сами можете да креирате креативни фотографии.

5. Чекање вашите пријатели да бидат слободни

Ако веќе сте решиле каде сакате да одите, и сè што ви преостанува е да почекате вашиот партнер или пријатели да бидат слободни, подобро следете си ги своите планови. Не мора секогаш да бидете со некој за да уживате во она што го сакате. Покрај тоа, подоцна можете да ги споделите вашите впечатоци со нив.

6. Нешта кои не ве инспирираат

Годината не трае вечно, така што секоја минута е исклучително важна. Обидете се да ги запишете во дневникот сите работи што не ви носат задоволство. Дали сакате да бидете сами во петок? Дозволете си го себеси ова и не грижете се дека вашиот социјален живот ќе трпи поради тоа.

Автор: Антонина Велјановска


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар