КАФЕ ПАУЗА

Како да ја носите марамата како девојките од Париз?

Како да ја носите марамата како девојките од Париз?

Некои работи девојките од Париз ги прават едноставно многу подобро од останатите. Особено кога станува збор за модата, поточно за комбинациите со марамите. Тие прекрасни свилени марами кои едноставно секогаш изгледаат совршено на нивниот врат, се секојдневен моден додаток кој само дополнително го нагласува нивниот гламур.rnrnКако да ја носите марамата како девојките од Париз?rnrnЗапознајте се со Ал Бихар, девојка која работи на креативните проекти за Вог, чие потекло е од Париз и Токио.rn

„Сакам да мислам дека тоа е мит, дека постојат многу повеќе интересни и мистериозни начини. Кога растете носејќи марами, со тек на време почнувате да изгледате навистина добро во нив“, вели Бихар.

rnТокму затоа таа решила да го сподели својот креативен и личен начин на кој ги носи марамите и со нас. Погледнете…rn

Половина панделка

rnКако да ја носите марамата како девојките од Париз?rnrnБихар прво ја превиткува марамата на половина, дијагонално, сместувајќи ја во триаголна форма и потоа ги доближува краевите заедно. Инспирацијата за овој модел потекнува од начинот на кој стјуардесите од „Japan Airlines“ ги врзуваат своите марами во целосна панделка.rn

Мери Руки

rnКако да ја носите марамата како девојките од Париз?rnrnБихар, која работела како инженер пред да се пренасочи кон светот на модата, го именувала овој стил според начинот на кој една од нејзините професорки ја носела својата марама. Оваа фризура е направена од 2 различни марами врзани во јазол кој има форма на еден вид панделка.rn

Монтана во 80-тите

rnКако да ја носите марамата како девојките од Париз?rnrnОвој плетен каиш, кој го добил своето име според големиот француски дизајнер во 80-тите години, е совршениот моден додаток за пантолони со висок струк. За плетениот каиш ви се потребни 3 различни марами.rn

Дијана

rnКако да ја носите марамата како девојките од Париз?rnrnСо помош на марамата од мајка ѝ, Бихар креира изглед кој наликува фустанот од Зандра Роудс кој принцезата Дијана го носела во 80-тите години.