КАФЕ ПАУЗА

Како да се облечете за излегување во кино?

Како да се облечете за излегување во кино?

Младите, како и оние малку постарите, со задоволство одат во кино за да гледаат некој долгоочекуван филм на големото платно. Нема сомнение дека кината сѐ уште се извор на забава. Притоа, во кино можете да одите со членовите на семејство или со пријателите, но исто така тоа може да биде и совршена прилика за излегување со личноста којашто ви се допаѓа. Ако после кино пак, сакате да заминете во вашиот омилен ресторан, тоа ќе биде идеален состанок. Но, секогаш се наметнува едно прашање: Како соодветно да се облечете за оваа прилика?rnrnКако да се облечете за излегување во кино?rnrnВеројатно со часови разгледувате и испробувате различни комбинации. Дали да носите здолниште? Можеби панталони? Сите ваши недоумици ќе бидат успешно решени во продолжение.rn

Како да се облечам за одење во кино?

rnПрвото нешто што треба да го имате на ум е вашиот личен стил. Не треба да се чувствувате како да сте облекле костим. Треба да се чувствувате добро и удобно во она што ќе го носите.rnrnНајважно е да се чувствувате пријатно. Во киното ќе седите на низок стол и целото внимание ќе ви биде насочено кон екранот. Затоа гардеробата не треба да ви го одвлекува вниманието поради која било причина.rnrnПокрај тоа, филмот ќе трае еден до два часа, што е уште една причина да изберете удобна облека, за да бидете максимално релаксирани.rnrnКако да се облечете за излегување во кино?rn

Која гардероба треба да се избегнува?

rnДури и да одите во кино со личност којашто ви се допаѓа и би сакале да ја импресионирате, не ви препорачуваме да изберете провокативна облека, односно таква што ги привлекува погледите. Соодветно на тоа, заборавете на отворените маици и кошули. Во киното ќе бидете во мрак и најверојатно облеката ќе ви се измрда, бидејќи во рок од два часа или колку и да трае филмот, сигурно ќе се поместувате на столот, барајќи удобна позиција. Можно е и сценарио каде што ќе бидете загрижени дали вашата кошула стои како што треба или открива повеќе од посакуваното.rnrnИсто така, не би ви препорачале тесна гардероба, како на пример здолништа или панталони кои ви се малку мали. Не би сакале да ги расцепите вашите панталони заради некое нагло движење што сте го направиле или пак, вашето здолниште да се крене превисоко. Стремете се да бидете слободни за време на траењето на филмот, барем во однос на гардеробата, како би го зголемиле уживањето во приказната на платното.rnrnКако да се облечете за излегување во кино?rn

Идеални обувки

rnВи препорачуваме да не носите штикли, туку спортски патики или балетанки. Вашиот изглед треба да биде неформален, едноставен, секојдневен. Не ви се потребни високи чевли, бидејќи не се работи за елегантна прилика. Причината е тоа што чевлите треба да ви бидат удобни доколку после филмот одите на прошетка или во ресторан. Не би сакале да размислувате за вашите плускавци, нели?rnrnКако да се облечете за излегување во кино?rn

Аксесоари

rnСлично на облеката и обувките, истото важи и за аксесоарите. Не се работи за гала настан, туку за неформално место. Значи, изберете накит за секој ден. Ништо премногу фасцинантно. Што се однесува до чантите, избегнувајте ги големите бидејќи тие ќе ви пречат додека го гледате филмот.rn

Идеална комбинација за пролет/лето

rnКога станува збор за овој период од годината, многу е лесно да се избере неформална гардероба. Вашиот изглед ќе зависи од тоа со кого ќе одите во кино.rnrnКако да се облечете за излегување во кино?rn

Модна комбинација за излегување со партнерот

rnАко излегувате со некоја личност што ви се допаѓа и сакате вашиот изглед да има нота на романтичност, тогаш фустанчето е најдобриот избор. Искомбинирајте го со рамни сандали или балетанки. Тоа ќе биде добитна комбинација.rn

Идеална комбинација за излегување со пријателите

rnШто мислите за кратки панталони со обична маица? Да, знаеме дека ова е премногу обична комбинација, но е најдобра за оваа прилика. Не заборавајте дека кратките панталони не треба да бидат премногу тесни, како и премногу кратки. Сето ова е заради  удобноста. Додајте ги вашите омилени патики и спремни сте.rnrnКако да се облечете за излегување во кино?rn

Автор: Антонина Велјановска