Емоциите можат да го нарушат нашето здравје, а еве како можеме да се справиме со тоа

Емоциите можат да го нарушат нашето здравје, а еве како можеме да се справиме со тоа

Нашето тело говори многу повеќе отколку што можеме да замислиме и нашата физичка состојба е поврзана со нашите емоции. Кога не можеме да ги ослободиме негативните чувства (на здрав начин) тоа може да се одрази негативно врз физичкото здравје. Колку повеќе ги изразуваме емоциите, толку помалку се разболуваме. Сега ќе ги наброиме психолошките причини за најчестите заболувања за да можете да си помогнете себеси и да ги избегнете непотребните здравствени проблеми. Со оглед на тоа што физичкото и менталното здравје се поврзани, ќе ги издвоиме причините кои се психосоматски за развој на некое нарушување.

1. Стравот може да предизвика алергии и дерматитис

Истражувачите изјавиле дека некои чести алергиски состојби се поврзани со менталното здравје. Егземата, високата температура и астмата можат да бидат предизвикани од ментални заболувања. Може да страдате од алергии со години, но алергенот да е непознат. Внатрешниот страв знае да биде поттикнувач на оваа состојба. Симптомите на астма и дерматитис најчесто можат да се подобрат или отстранат со помош на психолошки фактори.

2. Опседнувањето може да предизвика проблеми со тежината

Проблемите со тежината можат да бидат поттикнати од опсесија или преокупација со минимална или замислена мана. Или од претераната загриженост со брчки, мали гради или други делови од телото. Грижата за него несомнено е многу важна, но фанатизмот може да доведе до непосакувани и штетни последици.

3. Стравот и опсесијата можат да предизвикаат симптоми на неколку различни болести истовремено

Доколку сте загрижени дека имате некое сериозно заболување дури и кога нема причина, поради претераното размислување за истото, почнувате да чувствувате вистински симптоми во вашето тело. Можно е некогаш да ги преценувате проблемите, но нема потреба. Опесднувањето со негативни чувства само ја влошува ситуацијата и го прави заболувањето пореално.

4. Емоционалните конфликти и стресот можат да предизвикаат дигестивни нарушувања

Нашиот стомак е под контрола од комплексен систем. Стресот кој го доживувавме во текот на животот е одговорен за регулирање на импулсите и предизвикува непосакувани реакции.

Воспалувањето на стомакот и гастритисот можат да бидат предизвикани поради конфликт во емоционалната област, како на пример, неспособноста да се прифати одговорност, растење и пронаоѓање начин да се излезе од потешкотии. Кога одбиваме да ги препознаеме внатрешните конфликти тие се претвораат во физички со цел да му овозможат на мозокот да им обрне внимание.

5. Самокритиката и стравот можат да предизвикаат главоболки и мигрени

Самокритиката, ниската самодоверба и внатрешните стравови се дел од причините кои предизвикуваат да бидете загрижени и постојано под стрес. Можете да се чувствувате понижено и потценето како последица на негативните емоции. Сигурно и ја полните главата со премногу информации! Некогаш од себеси очекуваме премногу и тоа може да доведе до психички проблеми. Тие можат да бидат избегнати доколку престанете да се грижите за сè и сешто.

6. Депресијата и анксиозноста доведуваат до срцеви нарушувања

Периодичната депресија и анксиозноста се поврзани со значајно зголемен ризик од коронарни срцеви заболувања. Кардинална болест може да биде предизвикана од нарушувања поврзани со депресија. Зголеменото чувство на анксиозност и нервоза прават вашето срце да чука забрзано, а тоа може да поттикне кардинално заболување

Што да направите за да се заштитите?

Грижа за менталното здравје – Кога се лекувате кај медицински лица за физички симптоми, не заборавајте колку е важно да посетите и психолог за да се пронајде коренот на заболувањето и да се добие соодветна терапевтска интервенција.

Медитацијата и проширување на свесноста – Експертите велат дека проширување на свесноста придонесува за полесно пренасочување на вниманието. Важно е да не се осудувате себеси, ниту другите луѓе и понекогаш добро е да го „исклучите“ мозокот.

Доколку останете смирени, ќе научите полесно да ги контролирате вашите емоции. А, целосната контрола над нив или барем обидот дека можете да влијаете врз начинот на кој ќе реагирате е сосема доволно за да си помогнете сами. Не заборавајте дека некогаш ви треба и помош од другите, а доколку е потребно консултирајте и стручни лица.

Прочитајте и за овие 9 видови мускулна напнатост предизвикана од заробени емоции.

Автор: Наталија Наумовска


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар