КАФЕ ПАУЗА

9 видови мускулна напнатост предизвикана од заробени емоции

9 видови мускулна напнатост предизвикана од заробени емоции

Written by

in

,

Многу од нас носат потиснати и заробени емоции без дури и да знаеме за тоа. Всушност, можат да поминат години, дури и децении без да бидете свесни за блокираната енергија што ја чуваат вашите мускули. Оваа потисната енергија е одговорна за бројни болести и хронични здравствени состојби. Факт е дека вашето тело не заборава.rnrn9 видови мускулна напнатост предизвикана од заробени емоцииrn

Што предизвикува хронична мускулна напнатост?

rnСпоред многу истражувања, мускулната напнатост е предизвикана од четири нешта. Првото е социјалните услови. Ова започнува уште од најрана возраст и овие услови зависат од семејството, пријателите, наставниците и општеството во главно. Многу од напнатоста е резултат од неискажани социјални верувања кои морало да ги прифатите. На пример, многумина биле учени дека само бебињата плачат, па го потиснувале секој нагон за плачење.rnrnВтората причина е траумата. Трауматичните искуства можат да бидат сè од строги родители, до екстремно насилство или несреќен случај. Кога не се справувате правилно со овие трауматични искуства, тие резултираат со хроничен страв, стрес и слично. Овие состојби предизвикуваат напнатост во мускулите, која пак е одговорна за други здравствени проблеми.rnrnТретата причина е психолошката напнатост. Овде спаѓа секој вид анксиозност, фрустрација, тага или гнев кои се развиле како резултат од вашата перцепција.rnrnПоследната причина се навики и стрес од опкружувањето. На пример седечкиот животен стил ја зголемува физичката болка бидејќи не им давате на мускулите шанса да се ослободат од напнатоста. Другите навики како лошо држење на телото, употреба на дрога и лекови, нездрава исхрана и загадување ја зголемуваат шансата за хронична напнатост во мускулите.rn

9 ВИДОВИ НАПНАТОСТ ПРЕДИЗВИКАНИ ОД ЗАРОБЕНИ ЕМОЦИИ

rnСпоред истражување од 2012-та година во САД, 25,3 милиони Американци страдале од хронична болка секој ден. Ова истражување ја покажува суровата реалност – многу од нас секојдневно страдаат од мускулна напнатост. За да се ослободите од напнатоста, потребно е да ја знаете и причината за тоа. Па, погледнете ги 9-те видови мускулна напнатост кои се предизвикани од заробените емоции.rn

1. Напнатост во рамената: Одговорности и оптоварувања

rnКога се чувствувате поразено од стресот во животот, ги акумулирате овие чувства на вашите рамена. Напнатоста во рамената е тесно поврзана со социјалните и емоционалните одговорности, како и носењето на болката на другите луѓе. Поради ова, многу емпати, исцелители и негуватели страдаат од хронична напнатост во рамената.rn

2. Напнатост во вратот: Страв и потиснато искажување

rnНапнатоста во вратот се поврзува со чакрата во грлото и неспособноста правилно да комуницирате или да бидете автентични околу другите. Стравот и анксиозноста често се сместени во овој дел, најчесто како физички одговор од опасноста. Напнатоста во вратот може да биде поврзана и со проблеми со довербата.rn

3. Горен дел од грбот: Тага и очај

rnНеискажаната и заробената тага се собира во горниот дел од грбот. Бидејќи овој дел е блиску до срцето, овде се наоѓаат и емоциите поврзани со загуба и скршено срце.rn

4. Средниот дел од грбот: Несигурност и немоќност

rnТрадициите за лекување како рефлексологијата го поврзуваат средниот дел од грбот со чувство на немоќ, безнадежност и несигурност. Ако чувствувате дека никој не ве поддржува, веројатно имате напнатост во овој дел од телото.rn

5. Долен дел од грбот: Вина, срам и безвредност

rnДолниот дел од грбот често е поврзан со ниска вредност за себе и неможност да се прифатите себеси. Чувствата како вина, срам, па дури и сексуална неадекватното се складираат овде.rn

6. Стомак: Неможност за справување со емоции

rnАко чувствувате напнатост или тежина во стомакот, можеби имате проблем со справување и со позитивните и со негативните емоции.rn

7. Внатрешен дел од колкови: Страв од ранливост

rnДали сте нервозни и не им верувате на другите луѓе? Ако страдате од социјална анксиозност, голема е веројатноста да чувствувате и болка во внатрешниот дел од колковите. Бидејќи нозете се биолошки програмирани да трчаат кога има опасност, стравот кон другите често се складира овде.rn

8. Надворешен дел од колкови: Фрустрација и нетрпеливост

rnКолку брзо го живеете вашиот живот? Колку побрзо и побесмислено живеете, толку повеќе фрустрации се складираат во овие мускули. Работното место и личниот живот можат да имаат големо влијание на напнатоста во овој дел од телото.rn

9. Задник: Гнев и бес

rnКолку често се справувате со луѓе кои се вистински кошмар? Гневот и потиснатиот бес често се складирани во задникот.rn

Како да се ослободите од заробените емоции?

rn

    rn 011

  • Почувствувајте ги емоциите. Еден од најлесните начини да се ослободите од напнатоста во мускулите е активно да ги чувствувате емоциите кои доаѓаат. Се разбира ова не е секогаш возможно, па на крајот на секој ден дозволете си да ги почувствувате емоциите од изминатиот ден. Ова чувствување може да биде придружено со плачење, викање и слично.
  • rn 011

  • Немојте да судите. Кога им судите на вашите емоции и ги делите на добри и лоши, всушност го влошувате страдањето. Наместо тоа прифатете ги емоциите само како емоции. Не мора да значат ништо.
  • rn 011

  • Водете дневник. Оставете ги сите ваши емоции во дневникот, целосно без филтер.
  • rn 011

  • Бидете нежни кон себе. Напнатоста во мускулите го засилува негативниот внатрешен глас, а тоа пак уште толку ја зголемува напнатоста. За да се ослободите од овој циклус, бидете добри кон себе. Третирајте се како дете или како вашиот најдобар пријател.
  • rn 011

  • Истегнете ги мускулите. Правете едноставни вежби за истегнување или вежбајте јога. Доволно се дури и 5 минути дневно.
  • rn 011

  • Дишете длабоко. Плиткото дишење го намалува дотокот на крв, отстранувањето на токсините и ја зголемува анксиозноста. Длабокото дишење го смирува умот.
  • rn 011

  • Одете на масажа. Побарајте лиценциран терапевт за масирање што ќе ви ја намали напнатоста во мускулите.
  • rn 011

  • Медитирајте. Медитацијата е одличен начин да станете присутни и свесно да се ослободите од напнатоста.
  • rn 011

  • Терапија со уметност. Искажете ги емоциите преку цртање, сликање, вајарство или кој било метод за искажување.
  • rn

rnДознајте и што друго се случува кога ги криете вашите вистински емоции.