Модните трендови постојано се менуваат, а овој нов тренд ни го докажува тоа.rnrn
rnrnКако што веројатно знаете, институтот Pantone ја претстави коралната „Living Coral“ боја како нијанса за 2019 година. Сепак, во приказната се „вмеша“ уште една боја која сигурно ќе ја обележи оваа година – ако не целата, тогаш барем летната сезона.rnrnТоа е сензуалната магента боја. Создадена со мешање на црвена и сина боја, оваа боја е нешто помеѓу црвена и виолетова, во зависност од избраниот тон – какви што пак, ги има безброј. Магентата е енергична и освежувачка и одлично стои на сите тенови, а особено на исончана кожа. Во вид на фустани, комбинезони, панталони, кошули и додатоци – оваа боја може да се носи на сите начини.rnrnДоколку ви е премногу силна, можете со нејзина помош само да акцентирате некој дел од стајлингот, на пример, со избирање на чевли и чанта во оваа нијанса или пак, накит. Опции има бесконечно, а од вас зависи за која ќе се одлучите. Со ниедна нема да погрешите, што е и предноста на оваа боја.rnrnВо продолжение ви издвоивме некои стајлинзи со примена на оваа боја кои ќе ве инспирираат и вие да ја вметнете магентата во вашиот изглед.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rn
Автор: Антонина Велјановска