Доколку сакате филмови кои се базирани врз вистински случувања, тогаш 2019-та е ваша година. Покрај „Рокетмен“ (Rocketman), филмот за Елтон Џон кој сите со нетрпение го очекуваме, првата половина од годинава ни донесе уште неколку одлични филмски достигнувања, направени по вистински настани.rnrn
rnrnОд приказната за терористичката група „Лашкар е тајба“, до морбидната сторија за озлогласениот сериски убиец Тед Банди, ова се десетте филмови кои треба да ги погледнете.rn
1. „Барајќи го Стив Меквин“ (Finding Steve McQueen)
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=KjGmfOWO9wIrnrnКога мала група крадци се обидуваат да украдат 30 милиони долари од тајниот фонд на претседателот Ричард Никсон, планот наеднаш оди во непосакуван правец, предизвикувајќи го најголемиот напад во историјата на ФБИ.rn
2. „Нечистотија“ (The Dirt)
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=-NOp5ROn1HErnrnБазиран на автобиографијата за Мотли Кру, филмот ја раскажува приказната за успехот на овој хеви метал бенд и за чудниот животен стил на неговите четворица членови.rn
3. „Хотел Мумбај“ (Hotel Mumbai)
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=gVQpbp54ljArnrnОваа храбра вистинска приказна за човештвото и херојството сликовито ја раскажува опсадата на познатиот хотел „Таџ“ од страна на група терористи во Мумбај, Индија, во 2008 година. Меѓу посветениот хотелски персонал се познатиот готвач Хемант Оберој и еден келнер, кои решаваат да ги ризикуваат своите животи за да ги заштитат своите гости. Додека се случува овој немил настан, еден очаен пар е принуден да направи незамисливи жртви за да го заштити новороденото дете.rn
4. „Најдобри непријатели“ (The Best of Enemies)
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=zxfWbmmdz9ArnrnВо овој филм е прикажана неверојатната врска меѓу Ен Атвотер, активистка за граѓански права и К. П. Елис, локален лидер на Кју Клукс Клан, кој се борел против десегрегацијата на училиштата во Дурам, Северна Каролина, за време на расистичкото лето во 1971 година.rn
5. „Лудите ноќи со Емили“ (Wild Nights with Emily)
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=PjMa2n5_huUrnrnВо средината на 19. век, Емили Дикинсон пишувала плодоносно, готвела колачиња и уживала во страсната долгогодишна врска со Сузан, нејзината пријателка од детството и сопруга на нејзиниот брат. Сузан била инспирација за некои од нејзините најдобри песни, но трагите од нивниот однос се избришани од историјата, со цел песните да бидат подобро прифатени од јавноста.rnrnПогледнете ги останатите 5 филмови на следната страница…rnrn