Шон Мендес и Камила Кабелјо го објавија видеозаписот за песната „Señorita“, за која се очекува да биде еден од најголемите летни хитови.
Во триминутното видео, двајцата музичари започнуваат романса, а хемијата меѓу нив е повеќе од неверојатна.
Сензуалниот видеозапис е во режија на Дејв Мајерс, кој претходно има соработувано со бројни познати музичари како Пинк, Џенифер Лопез, Џастин Бибер, Ријана итн.
Ова е нивна втора соработка, по песната „I Know What You Did Last Summer“ во 2015.
Уживајте во видеото.
https://www.youtube.com/watch?v=Pkh8UtuejGw

