Леон Тротски или како што повеќето луѓе го знаат, Прасето на тркала, е мало прасенце кое имало трагична несреќа. Неговата мајка паднала врз него кога сѐ уште бил бебе и сериозно го повредила, оставајќи го без функцијата на задните две нозе. Кога вработените во сиропиталиштето за животни во Австралија го виделе ова неодоливо прасе за прв пат, тие веднаш се заљубиле во него.rnrn
rnrnОваа организацијата работи за да спасува, рехабилитира како и за да наоѓа домови за животните од фарма колку што е можно повеќе. Бидејќи Леон бил многу мал, нешто повеќе од неколку недели кога бил спасен во април, 2014 година, неговите мали коски биле толку меки и кревки што не можел да биде сместен во типична количка која е наменета да го оттргне притисокот од неговите задни нозе.rnrn
rnrn rn
„Но, неопходноста ги надминува и најголемите животни препреки, па како резултат на тоа во комбинација со храброста на Леон, беше создадена специјална количка која денес му овозможува слободно да се движи, без никакви болки, што му помага во заздравување на неговите повредени нозе“, вели тимот од сиропиталиштето.
rnТрагичната приказна за Леон Тротски се претвори во топла приказна која ни покажува дека дури и едно мало и беспомошно прасенце може да биде доволно силно да ги надмине сите препреки кои животот му ги приредува.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.






