Сте чуле за секс позата НЛО? Оние што ја пробале гарантираат галактички добар секс

Сте чуле за секс позата НЛО? Оние што ја пробале гарантираат галактички добар секс

Добри вести за авантуристите – за оваа поза не треба ниту посебни вештини, ниту пак некои реквизити, а не се бара ни од партнерите да бидат многу флексибилни. Но, потребно е поголемо искуство и добро познавање на своето тело. Имено, секс позата НЛО за секого значи нешто друго…

Оние што ја искусиле велат дека секс позата НЛО има многу заеднички нешта со Г-точката. Најпрво, и двете се мистериозни нешта со различно значење за секого. Како што сигурно и самите знаете, не постои едногласен став за тоа каде се наоѓа Г-точката, како и како се доаѓа до неа и како ја чувствуваат жените бидејќи секој опис досега е уникатен. Истото се случува и со НЛО позата.

Накратко, за НЛО поза се смета која било секс поза или сексуална рутина што најдобро ја стимулира Г-точката кај жените по што следува галактички добар оргазам. Со оглед на тоа дека секоја жена е уникатно градена, со различни желби и потреби, така и НЛО позата зависи од самата партнерка.

Па, ако имате потешкотии со наоѓање на вашата НЛО поза, пробајте ги следниве класични сексуални пози кои според истражувањата најдобро ја стимулираат Г-точката:

Каубојка – тој лежи на својот грб, а таа седи на него, со лицето свртено кон неговото

Кучешка – таа е на сите четири, а тој стои или клечи зад неа

Лажичка – таа лежи странично, а тој ја гушка од позади

Вулкански оган – таа стои на раце, а тој стои зад неа и ја држи за колковите

 

Иако овие секс пози овозможуваат големо задоволство, сепак нема гаранција дека вашиот партнер со нивна помош ќе ја пронајде вашата Г-точка. Затоа и треба да продолжите да истражувате и да експериментирате се додека не го почувствувате тој неверојатен галактички оргазам.

500 жени откриваат кои секс пози најлесно ги водат до оргазам.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар