500 жени откриваат кои секс пози најлесно ги водат до оргазам

Сподели

За жената да се доведе до оргазам не мора да бидете особено креативни во спалната соба ниту да учите Кама Сутра. Во едно истражување во кое учествувале 500 жени, тие одговарале на прашањето кои пози најчесто ги водат до оргазам. Резултатот до кој се дошло е по малку изненадувачки и упатува на тоа дека најдобрите секс пози за жените се всушност оние наједноставните.

Реклама

Топ трите позиции се каубојка, односно жената одозгора (35%), кучешка поза (25%) и мисионерска поза (23%). Позите како свртена каубојка (жената одозгора, но свртена со грб кон партнерот) и спунинг (лажица) не добиле многу гласови (5%).

Овие три секс пози се вообичаени, но на жените им пружаат најголемо задоволство. Погледнете зошто.rn

1. Каубојка

rnОваа поза успева затоа што жената има контрола и го одредува темпото кое ѝ одговара. Таа исто така овозможува да се стимулира предниот дел од вагината, која е најчувствителна. Одлично е што во оваа поза уживаат и мажите бидејќи така најубаво ја гледаат својата партнерка.rn

2. Кучешка поза

rnПенетрацијата одзади овозможува врвот на пенисот да го допре вратот на матката (цервиксот) кој е полн со нервни завршетоци, што им овозможува на жените полесно да доживеат оргазам.rn

3. Мисионерска поза

rnОваа поза овозможува најголема интимност помеѓу партнерите. Можете да се гледате во очи, како и да остварите максимален контакт со кожа. Освен тоа, жената на овој начин може да ужива во триењето на пенисот од нејзиниот клиторис.

Погледнете ги и овие 5 сензуални секс пози за подолготрајно водење љубов.

Популарно

Може ќе ве интересира