7 правила за среќен живот препорачани од најдобрите психолози
Ако ги применувате овие психолошки правила, тие можат да ви ја променат целата перцепција на светот. Вие конечно ќе почнете да се чувствувате удобно во својата кожа. Тие ќе го направат вашиот живот посветол, попозитивен, повозбудлив и ќе ви го исполнат со посебно значење, мудрост и љубов.
1. Правило на огледало
Луѓето кои ме опкружуваат се мои огледала.
Тие ги одразуваат карактеристиките на вашата личност кои најчесто не ги разбирате. На пример, ако некој е груб кон вас, тоа значи дека вие го барате тоа. Вие го дозволувате. Ако луѓето често си поигруваат со вас и ве издаваат тоа значи дека сте наивни и слепо им верувате на сите. Затоа и немате право никому да се лутите.
2. Правило на избор
Сфаќам дека сè што се случува во мојот живот е резултат на мојот избор.
Никој не може да ја одреди насоката на вашиот живот. Ниту еден човек, добар или лош, не може да влијае на вашето расположение. Ништо не е вон вашата контрола, кога станува збор за вашето секојдневие. Вие сте главните креатори на својата судбина.
3. Правило на грешки
Признавам дека правам грешки.
Вие не треба да мислите дека другите треба да сметаат дека вашите мислења и постапки се правилни. Тоа што е важно е вие да бидете задоволни со своите дела. Светот не е црно-бел, има многу нијанси! Никој не е идеален и треба да го сфатите тоа конечно. Вие сте добра личност што повремено прави грешки. Признајте кога тоа ќе се случи и продолжете понатаму.
4. Правило на реципроцитет
Го имам точно тоа што ми треба и тоа што го заслужувам, ни повеќе ни помалку, без разлика дали се работи за врските, работата или парите.
Ако не можете целосно да ја сакате личноста покрај вас, не треба да го барате тоа ни од неа. Истовремено, секогаш кога вие самите се одлучувате за промена – и луѓето околу вас се менуваат на подобро. Не заборавајте го тоа.
5. Правило на зависност
Никој ништо не ми должи – ќе помогнам на сите што можам без да очекувам ништо за возврат.
Ако сакате да станете подобра личност, најпрво мора да станете силни. За да станете силни мора да верувате дека можете сè да направите. Мора да верувате во себе! И најважно од сè – треба да знаете точно кога да кажете НЕ!
6. Правило на присутност
Живеам тука и сега.
Нема минута, бидејќи секоја секунда е важна. Нема иднина бидејќи таа уште не се случила. Животот во минатото води кон депресија, додека чекањето на иднината води кон грижи и вознемиреност. Сè додека живеете во сегашноста вие сте реални, вие постоите. Тука се крие вистинската среќа.
7. Правило на оптимизам
Додека константно го критикувам животот, тој поминува покрај мене без да забележам.
Очите гледаат, нозете одат, ушите слушаат, срцето чука, душата се радува… Додека се движите низ природата и го чувствувате ветрот на вашата кожа – тогаш живеете. Кога гледате телевизија, лежите на кауч или разговарате со пријателите на Интернет – не сте присутни во овој свет, туку во некој сосема друг.
Прочитајте ги и овие 17 совети за организиран и среќен живот од гуру за минимализам.