Домашен спреј за бујни и долготрајни кадрици дури и во текот на најтоплите летни денови
Кадравата коса дефинитивно бара многу повеќе нега за одржување. Со доаѓањето на летото, телото повеќе се поти, а со самото тоа косата поприма текстура што може да изгледа многу непривлечно, па многу жени посегнуваат по производи за убавина што ќе ги вратат прамените на своето место. Иако денес можат да се најдат одлични производи за нега на кадрици, повеќето од нив содржат и штетни материи, па затоа најдобро е самите да си направите нешто на природна база, со истиот ефект. Особено во летните денови кога постојано сте изложени на сонце, кое ги зголемува шансите за оштетување на влакното.
За да го направите спрејот, ќе ви бидат потребни следниве состојки:
- 2 лажици горка сол
- 2 лажици обична сол
- 1 лажичка алое вера
- 2-3 капки бадемово масло
- 2-3 капки етерично масло по ваша желба
- 230 милилитри топла вода
Ставете ги сите состојки во боца со шприц или ако немате вакво нешто дома, слободно сипете од течноста на дланките и поминете низ косата. Овој природен спреј е наменет за сите со природно кадрава коса кои сакат дополнително да ја стилизираат, да ја обликуваат и да ѝ дадат волумен. Добар е и за оние со брановидна коса бидејќи дополнително ја витка. Овој спреј покрај тоа што ќе ги стилизира кадриците, исто така ќе ја нахрани и ќе ја хидрира косата, па во секој случај се работи за подобар избор од купување производи.
Дознајте и како да направите кадрици со пегла за коса.