Уметниците се изгубени, без чувство за време и за место, но светот без нив би бил празен и здодевен. Тие живеат во нивни светови кои ретко имаат допир со реалноста и се најнепредвидливите суштества на планетава. Но, освен што имаат негативни страни, тие имаат и прекрасни доблести кои ги прават неверојатни личности.rnrn
rn
1. Тие се полни со приказни
rnУметниците се луѓе со интересен живот и постојано се соочуваат со различни предизвици. Тие се одлични наратори и нивната способност да навлегуваат во детали ќе направи да се почувствувате како да сте дел приказната.rn
2. Тие имаат големи соништа
rnТие никогаш не се задоволуваат со помалку од она што сметаат дека го заслужуваат. А, ако вие сте на нивната листа со желби, тогаш бидете сигурни дека ќе добиете совршен третман и ќе направат сѐ за да бидете нивни.rn
3. Тие имаат слободен дух
rnНивните мисли се движат со огромна брзина. Не се плашат од преземање ризици и се трудат да го живеат животот што е можно подобро. Отворени се кон нови искуства и ги гледаат можностите кои животот и светот може да им ги понуди.rnrn
rn
4. Тие редовно одвојуваат време за себе
rnКога излегувате со уметник, не очекувајте дека целото негово време ќе ви биде посветено вам. Уметниците се луѓе кои секогаш одвојуваат време за себе. Тие никогаш нема да ви здодеат бидејќи поминувате премногу време заедно. Тие се слободни луѓе кои си го ценат времето кое сакаат да си го „потрошат“ за себе. Освен ако не работат на некој проект и се заглавени до гуша, тогаш тешко дека ќе ги видите сѐ додека не завршат.rn
5. Тие се снаодливи
rnЕдно е да имате интересна идеја, а друго е да знаете како да ја реализирате. Креативноста на овие луѓе е толку голема што секогаш ќе најдат интересен начин да ви го развеселат денот или да го направат состанокот навистина интересен.rn
6. Тие се талентирани
rnВелат „Ако уметник се заљуби во тебе никогаш нема да умреш“. И тоа е вистина бидејќи ќе продолжите да живеете преку нивните дела долго откако ќе умрете. Љубовта е движечка сила во сите уметности. Од песни до поеми, па дури и драми, скоро во сите случаи љубовта е главна инспирација за сите големи дела.rnrn
rn
7. Тие имаат голема страст
rnНивната љубов и страст кон нивната работа е огромна, а истиот однос го имаат и кон љубените. Ваквите луѓе го вложуваат нивното срце и душа во своето творештво. А подеднакво се трудат и во врските.rn
8. Тие не се откажуваат
rnУметничките души никогаш не се откажуваат од она што го сакаат. Тие силно веруваат во себеси и својата уметност и постојано изнаоѓаат нови начини и нови решенија на проблемите. Затоа не постои предизвик кој не можат да го победат.rn
9. Тие одлично избираат подароци
rnТие се луѓе кои премногу размислуваат пред да направат што било. А избирањето подарок за нивните сакани не е исклучок. Тие ќе се потрудат да го најдат она што го сакате, па макар тоа да значи дека треба да го пропатуваат пола свет.rnrn
rn
10. Тие не се плашат да се препуштат на своите емоции
rnКога излегувате со уметник вие во секој момент ќе знаете дека сте сакани. Дали преку нивните романтични и иновативни гестови, преку нивното творештво или на некој друг необичен начин, уметниците секогаш знаат како да ги искажат своите емоции.rn
11. Тие се отвораат кон личностите што ги сакаат
rnОсвен што не се срамат од своите емоции, тие не се срамат нити од нивното минато и нивните грешки, до толкав степен што самите ќе ви раскажат за нивните непријатни случки. Но, за да стигнете на ова ниво, тие мора да бидат целосно сигурни во вас и да имаат огромна доверба. А, кога еднаш ќе се отворат, тешко дека потоа ќе ги „затворите“. Исто така, тие можат да ви помогнат и вие полесно да се отворите.
