Ова се најдобрите фотографии од National Geographic Travel Photo 2019
И оваа година National Geographic го организираше престижниот натпревар National Geographic Travel Photo, на кој фотографите од целиот свет испраќаа фотографии од нивните патувања.
Низ објективите на илјадници талентирани луѓе беа прикажани живописни села, величествени животни и искрени човечки моменти. Тие се натпреваруваа во три категории – градови, природа и луѓе.
Главната награда која изнесува 7500$ отиде во рацете на Вејмин Чу, кој победи со фотографијата „Зима во Гренланд“.
Градови
„Зима во Гренланд“, Вејмин Чу
„Во време на авијација“, Јасен Тодоров
„Улиците на Дака“, Сандипани Чадопадјеј
Природа
„Нежни очи“, Тамара Блазкез Хаик
„Фаќач на сонови“, Дени Сепковски
„Мрачни делфини“, Скот Портели
Луѓе
„Време за шоу“, Хуајфенг Ли
„Дневна рутина“, Јошики Фуџивара
„Коњи“, Хозе Антонио Замора
Погледнете ги и минатогодишните победници на овој натпревар.