Филм: Мажи во црно: Интернационала (Men in Black: International)
Мажите во црно го имаат својот најголем предизвик досега – „крт“ во организацијата!
Режија: Ф. Гери Греј
Улоги: Теса Томпсон, Крис Хемсворт, Кумаил Нанџиани
Времетраење: 114 минути
Премиера: 14 јуни 2019
Јазик: англиски
Жанр: акција, авантура, комедија
Наша оценка: 7/10
Ваша оценка:
Интересно е да се видат повторно заедно Теса Томпсон и Крис Хемсворт, и иако ги обожаваме овие актери и нивната одлична хемија на филмското платно, сепак ништо не може да ги замени оригиналните мажи во црно – Томи Ли Џоунс и Вил Смит. Идејата зад овој филм е одлична – првата жена што станува агент во познатата организација прави сè што може за да докаже дека е вредна за позицијата. Но, за жал, потенцијалот не е искористен. Приказната не е добро разработена, нејзиното развивање постојано губи тек и нема логика, а и навидум шармантниот, но всушност арогантен карактер на Хемсворт воопшто не помага.
Филмот ни ја раскажува приказната на Агентот М (Теса Томпсон), девојката што отсекогаш сонувала да работи за оваа организација. Како дете, таа имала посебна поврзаност со вонземниот живот, а денес е првиот женски Маж во црно. Таа ќе биде доделена на Агентот Х (Крис Хемсворт), познатиот шармер, и заедно ќе се упатат во Лондон за својата прва мисија. Но, кога многу познат вонземјанин ќе биде убиен и неговото супероружје украдено, тие мора да им се спротивставаат на сите шанси за да го најдат „кртот“ меѓу Мажите во црно.