Вежби против 'рчење: Зајакнете ги мускулите во грлото и ослободете ги дишните патишта

Вежби против ‘рчење: Зајакнете ги мускулите во грлото и ослободете ги дишните патишта

Имате проблеми со ‘рчењето? Тоа може да го наруши квалитетот на вашиот сон, бидејќи доаѓа до стеснување на дишните патишта поради несоодветна позиција за време на спиењето. Покрај вашиот сон, рчењето влијае и на сонот на најблиските и сигурно веќе знаете дека воопшто не е пријатно кога тие ви велат дека повторно не спиеле поради вас. Но не грижете се – постои решение!

Пробајте да ги правите овие специфични движења со јазикот со цел да ги зајакнете мускулите на дишните патишта и да овозможите подобар проток на воздух. И секако, не заборавајте да избегнувате спиење на грб бидејќи во таа позиција мекото ткиво се повлекува и смета при дишењето.

Отворете ја устата, па поместете ја долната вилица кон десно и кратко задржете ја во таа позиција. Повторете пак, само на другата страна.

Изговарајте ги гласно сите самогласки, по ред – А, Е, И, О, У околу три минути. Повторувајте го ова неколкупати во текот на денот.

Поставете го врвот на јазикот зад горните предни заби и повлечете го наназад. Останете во таа положба 30 секунди, па вратете назад. И оваа вежба повторувајте ја околу три минути, неколкупати дневно.

Жените откриваат: Која машка навика во спалната соба ги нервира повеќе од ’рчењето?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар