КАФЕ ПАУЗА

Кои се најдобрите градови за живеење во овој момент?

Истражувањето ги споредило трошоците и животните стандарди со квалитетот на животот во 56 светски градови врз основа на различни фактори, како што се безбедноста, здравствената нега, трошоците за живот, достапноста на становите, превозот од работа и загадување. Според добиените резултати, граѓаните на Цирих во Швајцарија имаат најдобар квалитет на живот во светот.rnrnrnrnПогледнете ја листата од најдобрите 10 градови за живеење во светот и размислете дали можеби е време да направите промена во вашиот живот.rnrn1. Цирих, Швајцаријаrnrn2. Велингтон, Нов Зеландrnrn3. Копенхаген, Данскаrnrn4. Единбург, Шкотскаrnrn5. Виена, Австријаrnrn6. Хелсинки, Финскаrnrn7. Мелбурн, Австралијаrnrn8. Бостон, Америкаrnrn9. Сан Франциско, Америкаrnrn10. Сиднеј, АвстралијаrnrnДодека поголемиот дел американските и австралиските градови што биле вклучени во ова истражување нуделе висок квалитет на живот, некои главни европски градови многу лошо поминале. Франкфурт, кој беше на врвот 5 години по ред, сега е паднат на 13-тото место, додека пак, Париз е на 36-тото место, а Лондон на 41-тото место.rnrnКога станува збор за животниот стандард, изгледа дека помалите градови имаат предност на поголемите. И Њујорк се наоѓа во втората половина на листата, на 31-то место, заедно со сите останати големи градови освен Токио. Најголемиот град на Нигерија, Лагос, е на дното на листата, а пред него се Пекинг и Манила.rnrnДознајте и кои се најевтините градови во светот каде што можете да бидете богати со малку пари.