4 чекори до совршени нозе за ова лето

4 чекори до совршени нозе за ова лето

Веројатно и вие, како и повеќето, со душа ги чекате топлите месеци од годината за да можете да ги носите омилените летни модни парчиња. Но штом ќе стигне летото, сфаќате дека не сте подготвени и задоволни од вашиот изглед, па постојано се обидувате да сокриете нешто. Во текот на летото, нозете често се главниот фокус, а истовремено се и најпроблематичниот дел од телото кога станува збор за масни наслаги и целулит.

4 чекори до совршени нозе за ова лето

За среќа, сè уште имате време да ги добиете совршените нозе до летото со помош на овие практични совети.

1. Тренирајте дома

Не дозволувајте многуте обврски да ви бидат изговор за недостаток од физичка активност. Секој може да одвои барем половина час за вежбање дома. Денес можете да најдете безброј вежби за нозе што можете да ги правите во удобноста на вашиот дом. Кога ќе го планирате дневниот тренинг, обрнете внимание на секоја мускулна група на нозете. Доколку навистина сакате да изгледате добро, потребно е да обрнете внимание и на вашата исхрана. На овој начин ќе ја спречите појавата на целулит. Во деновите кога ќе излегувате од дома, обидете се барем половина час да пешачите или да возите велосипед.

2. Aнтицелулитен третман

Целулитот е еден од естетските проблеми со кој се соочува речиси секоја жена. Можете да ја намалите видливоста на целулитот со масажи кои можете да ги изведувате и сами. Најдобри резултати ќе добиете доколку ги масирате нозете со антицелулитна крема. Најдобро е да одберете крема на база на кафе кое е силен диуретик и ги дехидрира масните клетки, со тоа намалувајќи ја нивната површинска видливост.

3. Темелна депилација

Влакната се најголемиот непријател на сите жени, особено во летните денови. За да можете да го облечете омиленото здолниште, треба да ги бричите нозете речиси преку еден ден, но ова може да ја иритира вашата кожа. Затоа, најдобро е да се одлучите за депилација. Депилацијата дава подолготрајни резултати, го ослабува коренот на влакната и ќе ја направи вашата кожа мека и мазна.

4. Пилинг

Кога ќе се земе предвид дека нозете не се дел од телото што редовно го третирате со пилинг, обидете се ова да стане ваша рутина. На овој начин ќе ги отстраните мртвите клетки и ќе ја направите вашата кожа помазна и убава.

Пробајте ги и овие едноставни вежби за послаби нозе и позатегнат задник.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар