КАФЕ ПАУЗА

Од имањето силна животна цел има не само ментални, туку и физички придобивки

Од имањето силна животна цел нема само ментални, туку има и физички придобивки

Едно ново истражување покажало дека живеењето со цел е поврзано со намален ризик од прерана смрт, кај луѓе постари од 50 години.rnrnОд имањето силна животна цел нема само ментални, туку има и физички придобивкиrnrnГрупа истражувачи од Универзитетот во Мичиген ги анализирале податоците од речиси 7.000 луѓе. Испитаниците, кои биле постари од 50 години, биле вклучени во национално истражување кое започнало во 1992-ра година и пополниле психолошки прашалник во 2006-та година.rnrnИспитаниците требало да одредат како се чувствувале во врска со одредени изјави, како на пример: „Уживам правејќи планови за иднината и работејќи на нивно исполнување“ или „Моите секојдневни активности често ми изгледаат тривијални и неважни“. Потоа испитаниците добивале „поени за животна цел“.rnrnИстражувачите ги споредиле овие поени со стапката на смртност кај испитаниците во текот на следните пет години. Во овој период починале 776 испитаници.rnrnОние кои имале пониски поени за животна цел имале двојно поголеми шанси да умрат. Покрај тоа, испитаниците со пониски поени имале поголеми шанси да умрат од проблеми со срцето или крвта.rnrnПредвид биле земени и факторите кои би можеле да влијаат врз имањето животна цел на луѓето или ризикот од смрт, како на пример депресијата.rn

„Изгледа нема лоша страна на подобрувањето на животната цел, а може да има многу придобивки“, изјавила главната авторка на истражувањето, Алија Алимуијанг.rnrn„Едно претходно истражување покажа дека волонтирањето и медитацијата можеби го подобруваат психолошкото здравје.“

rnСледниот чекор на научниците е да одредат дали активностите чија цел е засилување на животната цел навистина функционираат.rnrnСпоред истражувачите, постојат неколку можни причини за влијанието на животната цел врз подолгиот живот. Претходни истражувања покажале дека живеењето со цел го намалувало активирањето на гените кои предизвикуваат воспаленија во телото.rnrnДруго истражување открило дека силната животна цел е поврзана со пониско ниво на хормонот кортизол и пониско ниво на воспалителни молекули во телото.rnrnЕдно ограничување на истражувањето е тоа што истражувачите не ја исклучиле можноста од имањето ниска животна цел поради хронична или смртоносна болест.rnrnПогледнете ги и овие бизарни животни цели што ќе ви помогнат да имате подобар живот.